Доаѓа зима. Кога со бебето смееме да сме надвор, а кога не?

од  |  0 коментари

Магла, силен дожд, невреме или олуен ветер не се временски услови за излегување, а сите останати услови дури и ниските температури околу нула степени Целзиусови, не се пречка за прошетка. Се разбира, бебето добро ќе го облечете и заштитите од студ.

Бебе од месец  дена може да излегува надвор во прошетка  на  чист воздух и сончеви зраци. Кога има дожд или снег бебето може правилно да се заштити,така што  количката се прекрива за бебето да не се накваси, а вие слободно си шетате. Утринската магла, невремето, дождот, ветрот не се за излегување. Ако се стишат може, ако не планирајте некоја интересна активност во вашиот дом.  

Румени образи не се причина да одите на топло

Во скандинавските земји  бебењето исто така се шетаа во зима. А таму температурите се далеку пониски од кај нас. Познато е дека бебињата и децата во тој дел на Европа се помалку болни или настинати а сигурно се повеќе изложени надвор на секакви временски услови.  Интересен е податокот, кој додуша не е врзан само за бебињата, туку повеќе се однесува на децата во градинка или до 5 години. Тие одмараат повеќе надвор под сончевите зраци, а во затворен простор одат единствено за јадење и спиење. И многу помалку настинуваат.

Секако бебето добро ќе го облечете и заштитите од преладување. Ако температурата е ниска практикувајте прошетката да е пократка.Повремено допрете ги рацете и нозете на бебето да видите дали му е ладно.

Ако е температурата умерете прошетајте 1 до 2 часа, зависно од расположението на бебето и вашето. Значи, ако е температурата пониска, прошетките се пократки. И обратно.

 

Поопасни се трговските центри полни со луѓе

Трговските центри треба да се избегнуваат, како во зима така и во лето. Тие се климатизирани, потполно неприроден воздух имаат, не се предвидени за прошетки. Посебно во зима, кога има многу луѓе и владее епидемија на грип, настински, респираторни болести и слично. Подобро е да ги избегнеме.

Уште еден совет плус за прошетка: Добро е да имате пријателка со мало бебе на слична возраст како вашето, за одморот и прошетките на сонце  да бидат попријатни за вас и поинтересни за вашето бебе.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *