Домашни бјути рецепти инспирирани од есента

од  |  0 коментари

Есента е навистина неверојатна сезона – освен сите бои кои не опкружуваат, апсолутно го сакаме и мирисот што доаѓа заедно со оваа сезона. Тоа може да биде цимет,тиква, мед, јаболко – или дури и сите овие заедно! Ние сме навикнати да ги користиме истите за готвење, но сите тие имаат и свои задравствени придобивки благодарение на што можат да се користат и во козметички производи.

Ако сте тип на човек што сака да користи органска и домашна козметика, подолу ќе најдете неколку рецепти за производи кои ќе ви помогнат да се грижите за вашето тело, а во исто време да ви ги обезбедат и најдобрите есенски мириси. Ние ги избравме најдобрите за вас!

Маска за лице со мед и цимет

Кога станува збор за кожата на лицето изборот на мед и цимет се две од најдобрите состојки што можете да ги изберете. Покрај многуте здравствени придобивки тие се одлични производи против акни, кои исто така ја смируваат кожата и му даваат природен сјај. За да ја направите оваа маска потребни ви се 2 супени лажици мед и 1 кафена лажица мелен цимет, но по желба може да додадете и неколку капки кокосово масло и 20 капки есенцијално масло од лимон.

Балсам за усни од цимет

Ние сме навикнати да го купиме балсамот за усни од продавница, но да го направиме во нашиот сопствен дом воопшто не е тешко – всушност е многу лесно. Се што ви треба е 1 супена лажица пчелин восок или 2 лажици вазелин како основни состојки, но за да го внесите тој есенски дух ќе ви треба  и 1 кафена  лажица цимет и по желба можете да додадете половина лажиче мед. Овој балсам за усни не само што ќе ги направи вашите усни меки, но ќе им даде и неверојатен мирис.

Лосион за тело од јаболко и тиква

Лосиони толку убави што ќе ја направат нашата кожа толку мека и светла – не е тоа нешто што сите ние го сакаме? Сега можете лесно да направите свој домашен лосион со само неколку природни состојки. Се што ви е потребно е, половина чаша шеа или авокадо путер, 2-4 лажици органско кокосово масло, 1 лажица зачин од тиква и половина лажица есенцијално масло од јаболко.

Па, Ви се допаднаа ли?