Можните опасности и последици од козметиката која што секојдневно ја користиме!

од  |  0 коментари

Почетоците на шминките, а воедно на целата козметика датираат од пред 5000 и повеќе години. Секако тоа нема никаква допирна точка со денешната козметика, во однос на изработка, квалитет, трајност, но сепак, целта и причината им се сосема исти – подобрување на својот изглед. Како први “корисници” се сметаат египетските жени и мажи, жителите на древна Индија, антички Грци како и античките Сумери, кои за добивање на шминки уништувале и цели скапоцени камења, со што би добиле црвена, сина и црна боја. Козметиката се споменува дури и во Стариот завет.

Најпрво, би издвоила неколку кратки совети, во однос на чувањето и користењето на козметичките производи воопшто:

– да се внимава на рокот на производот;

– детално да се прегледуваат состојките на производот;

– голем дел од козметиката не е препорачливо да ја делите со други луѓе;

– да се чуваат на суво и темно место;

– правилно да се ракува со истите.

Во денешно време, ретко кој може да го замисли својот живот без употреба на козметика. Од шминки, разни детергенти, средства за хигиена, производи за нега на коса, кожа, нокти и слично. Но сепак, многу е битно овие производи да се безбедни за нашето здравје и околината. Во прилог следуваат некои компоненти, кои се редовни составни делови од козметиката, а ние не сме свесни за нивната штетност.

*Парабен го има во шминки, креми, шампони, влажни марамчиња, средства за бричење, сапуни и детергенти. Тие претставуваат конзерванси, и можат да предизвикаат многу лоши последици кај луѓето, од обични алергии до стерилитет, хормонални проблеми, преран пубертет и сл.

*Фталати – ги има во кармините, лакови за нокти, парфеми, тоалетни води, производи за нега на коса. Претставуваат нафтени деривати и можат да предизвикаат дебелина, дијабетес, породилни проблеми, рак на дојка и др.

*Пропилен гликол или полиетилен гликол – го има во кармините и сјаевите за уста, гелови за после бричење. Високо канцерогени се, се користат за производство на антифриз, препорачано е да се допираат само со нараквици и заштитна опрема.

*Диоксин – го има најчесто во шампоните и геловите за туширање, како и во детергентите. Предизвикува деформитет кај плодот, намалување на имунитетот, а може да предизвика и рак.

*Минерални масла – ги има во хидратантните креми, регенератори, парфеми, сенки за очи. Претставуваат нафтени деривати, и можат да предизвикаат зависност од користење.

*Бензол пероксид – најчесто го има во козметичките производи кои се користат против акни. Тие се токсични и можат да го отежнат дишењето, но и да предизвикаат поголеми проблеми како тумори и мутации.

*Сулфати – ги има најчесто во детергентите, производи за чистење на подот, тоници за чистење на лице и сл. При поголема и почеста употреба можат да предизвикаат отежнато дишење, диареја, кожни надразнувања.

Вината лежи и во потрошувачите

Како главен проблем на потрошувачите, би издвоила неколку забелешки, и тоа на прво место би ја ставила СЛАБАТА едукација на потрошувачите. Дел од вината стои и во кратенките испишани на декларацијата на самите производи, односно од една страна производителот е заштитен законски, а од друга странa, речиси и воопшто не ги информира своите потрошувачи за количината и квалитетот на тие сoстојки. Друг проблем е купувањето на козметика од непроверени интернет канали, кои во најголем број претставуваат копии од веќе постоечки популарни брендови, и иако потрoшувачите сметаат дека тоа е токму тој бренд што го пишува на пакувањето, тоа во најголем случај не е вистина. Тоа станува се повеќе секојдневие. Голем проблем е што самите потрошувачи, нус појавите од одреден производ ги пријавуваат само во екстремни случаи, и со тоа компаниите немаат повратни информации врз кој темели би можеле да го прилагодат својот производ и со тоа да ги предупредат своите идни потрошувачи.

 

Затоа, многу е важно да се читаат состојките на производот, да се внимава од каде се купуваат производи, особено внимание да се посвети на рокот на употреба и во секој случај, доколку има некоја последица, веднаш да се посети лекар.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *