Градот кој никогаш не спие – Истанбул

од  |  0 коментари

Истанбул продолжува да биде избран за најдобра дестинација за патување со причина! Овој прекрасен град е полн со атракции кои мораат да се видат и искуства кои можете да ги најдете само во Истанбул.

Крстарење на Босфор

Патувањето во Истанбул не е целосно без крстарење на Босфор. Не само што му дава убав преглед на градот, и европските и азиските брегови имаат многу да понудат – вековни палати и куќи.   

Пазарот на зачините

Ова е втор по големина покриен пазар по Големата чаршија. Овде ќе можете да најдете и зачини, ореви, суво овошје, турско кафе, локум и други турски задоволства!

Топкапи

Палатата Топкапи  не може да си дозволиte да ја пропуштите, додека сте во Истанбул. Овој кoмплекс од четири бујни зелени дворови е место каде што отоманските султани живееле речиси половина век.

Кулата Галата

Кулата Галата е една од најдобрите места во градот каде се добива 360 панорамски поглед на Истанбул.  Во убав ден можете да го видете и островот на принцезите. Можете и да прошетатe низ уличките околу кулата каде постојат кафичи и ресторани.

Турска Бања

Опуштете се како никогаш порано во турска бања, каде  сè што треба да направите е да играте со топла вода и да добиете специјална масажа.

Напиjте се турски чај

Ако дојдете во Истанбул, треба да пиете чај од стакло во облик на лале. Турскиот чај се подготвува на еден сосема уникатен начин со користење на чајник кој има две нивоа: во еден да се вари водата, а во другиот да се вари со чајот. Потоа, истурете го чајот во чашата и разредете го со топла вода, така што ќе го направите по вкус.

Пробајте донер

Донер е турско јадење направено со месо варено на вртење. Месото може да биде јагнешко, говедско или пилешко, а се служи во пита со зеленчук и неколку додатоци. Тоа е вкусен и достапен ручек кој можете да го најдете во било кој дел од градот.

Турски десерт

Нема потреба да бидаме смиренни, турските десерти се најдобри! Baklava (Баклава), keşkül (кешкул) ekmek kadayıfı (екмек кадаифи) ayva tatlısı (ајва татлиси)и листата на турски десерти продолжува и продолжува. Најслатки калории што ќе ги имате!