Карактеристики на добри играчки

од  |  0 коментари

Играчките се еден од стимулансите за развој на детето. Затоа е важно дали се совпаѓаат со возраста на детето.

Ако играчката може да го мотивира детето, ако е едукативна и забавна, тогаш детето се задржува подолго со таа играчка, затоа што тие се дел од неговото искуство. Сепак, не сите играчки се исти. Познавањето на она што го стимулира развојот и го мотивира детето понекогаш не е лесно, особено кога пазарот не доволно снабден со играчки.

Како да изберeте добра играчка

Добрата играчка треба да ги има следните карактеристики

  • Прилагодена на детската возраст
  • Изработена од нетоксични природни материјали
  • Безбедна (без ситни делчиња за мала возраст)
  • Едукативна, забавна и креативна т.е играње повеќе игри

Можеби критериумите звучат сложени , сепак постојат  добри играчки и не мора да бидат скапи за да бидат интересни или омилени воопшто. Напротив, децата од предучилишна возраст и ниска училишна возраст немаат развиено чувство за материјална вредност.  Дополнително кога ќе купите исклучително скапа играчка, најверојатно ќе го предупредите детето да не ја скрши  и со тоа несвесно ќе им ја нарушите играта.

Избор на детето

Понекогаш родителите се обидуваат да влијаат врз изборот на играчки на своите деца, бидејќи тие се убедени дека во изборот детето е  само под влијане на врсници. Сепак, овој родителски став е само делумо оправдан. Поточно, онаа играчка што е убава и забавна за вас – не може да биде интересна за вашето дете. Тие имаат свои критериуми, па затоа треба да се почитува изборот на играчки според  критериумите на детето. Впрочем, таа игра ќе игра со него, а не ти. Конечно, меѓу детето и неговата омилена играчка (обична кукла) често се воспоставува “тајна врска”, која на возрасните им е нејасна.

Исто така, инсистирањето на детето да поседува некоја играчка е поради тоа што таа играчка е многу популарна  кај својата група на врсници, кај родителите тоа често предизвикуа отпор . Дозволете вашето дете да “живее” , бидејќи е испреплетено со потребата да биде дел од општеството, да се чувствува прифатено и со тоа да покажи интереси слични на неговите врсници.

 

Родителите се пример 

Постои појава на идентификација на деца со играчки. Сепак нема докази дека некои негативни особини се развиваат поради играње со несоодветна играчка. Затоа немојте да ги обвинувате играчките за однесувањет на вашите деца.

Гланите примери не се кукли, туку Вие родителите. Затоа ако не сте задоволни со однесувањето на вашето дете, прво размислете дали тоа однесување го видело од Вас. Пораките што ги испраќате, очекувањата што ги имате, како и вашиот сопствен модел на однесување и вашите критериуми за вредност – се многу поопасни за некои неприфатливи однесувања отколку што може да бидат играчките. Тоа значи дека идентификацијата со играчките е тековна фаза во развојот на детето, но она што го учи од Вас останува трајно и длабоко втемелено.

Конечно не заборавајте: нема играчка која што има толкаво значење, ако детето нема вистински соиграч. Особено во предучилишна возраст без вас како соиграч, најинтересната играчка нема да биди доволно интересна,  ниту најдобрата доволно добра. Играјте заедно бидејќи тоа ги подобрува вашите односи и мотивира детето да игра образовни, забавни и креативни играчки – да го поттикнете неговиот развој.