10 Начини како да го победите стресот

од  |  0 коментари

Дали сте се почувствувале како да не можете да се соочите со проблемите? Тоа е затоа што стресот во вашето тело предизвикува адреналин кој го зголемува ритамот на срцето и го покачува крвниот притисок вели Д-р Ash Nadkarni познат психијатар  кој за познатиот Health Magazine открива дека  долгорочната експонираност  на хормоните  на стрес може да го покачат ризикот на здравствени проблеми како анксиозност, депресија, срцеви заболувања, зголемување на телесната тежина и проблеми со меморијата и концентрацијата.

Доколку ве загрижуваат ваквите последици на стресот и кога класиците за смирување како чај од камилица не помагаат тогаш експертите кои работ во рамките Health магазинот ви препорачуваат  да разгледат неколку алтернативни начини за да се ослободите од стресот.

Дишете длабоко.Секогаш кога ќе започнете да дишете тешко и плитко и да воздивнувате, сетете се дека стресот не треба да надвладее над вашето тело. Пробајте да земете длабок воздух и дишете нормално и пробајте да се релаксирате. Дадете си самите време на себе, престанете да размислувате повторно  и повторно за нештата и што ве депримираат  и за некоја минутка проблемите со отежнатото дишење ќе си заминат.

Разбудете се порано. Можеби не е добро да се лишувате од потребниот сон, меѓутоа за да се чувствувате порелаксирано во текот на денот потребно е да се разбудите 15-20 минути порано пред да тргнете од дома по работа. Доколку пиете кафе тогаш вашите гратис 15-20 минути наутро пред да излезете од дома ќе ви дадат можност да се процесуира кофеинот во вашиот организам и да ја добиете потребната енергија.

Сменете ги боите во вашиот дом. Теоријата за терапија со бои истражува концепт за боите и за тоа колку тие можат смирувачки да делуваат и да ве ослободат од стресот. Истражувачите покажале дека црвената боја може да ве возбуди и вознемири доколку сте под стрес, додека пак зелена, сива и сина ве опуштаат. Затоа во домот доколку се решите за бои направете само еден акцентиран ѕид. Доколку ви треба инстант релаксирање доколку работите на компјутер во канцеларија, мали активности на вашиот screensaver-от и негова промена во некој смирувачки мотив  веднаш ќе ви донесат до промени во расположението.

Исчистете го нередот од вашиот дом. Физичката заангажираност, чистењето на нередот околу вас само ќе ви помогнат да се чувствувате посигурно и помалку стресно во вашиот дом.

Визуелизирајте. Размислувате за тоа дека стресните мисли се како облаците, тие доаѓаат и си заминуваат, на тој начин е потребно вие да ги избркате од вашата глава. Кога ке почнете да ги опсервирате вашите мисли како мозочни објекти кои си доаѓаат и си заминуваат и стануваат помалку непријатни, помалку заканувачки и помалку емоционални.

Гледајте комични видеа или филмови. По стресниот ден, смејте се и ослободете се од стресот. Доколку друг не ви даде причина за тоа погледнете некоја добра комедија, или смешно видео на YouTube. Со смеењето на мозокот му се испраќаат сигнали на смиреност со кои се смирува физичкиот одговор на стресот на телото, па затоа почесто смејте се и ќе забележите како стресот си заминува.

Слушајте ја вашата омилена песна, а можете и да запеете.Слушањето на музика како и пеењето ги намалува нивоата на кортизол во мозокот (хормонот на стрес). По првите 5 минути, веднаш ќе забележите колку сте поопуштени и релаксирани. Дури постои и научно истражување кое докажало дека пеењето пред операција го намалува крвниот притисок.

Изберете хоби.Било да сликате, да се занимавате со хортикултура, да се занимавате со “Направи сам” проекти во вашиот дом, секоја активност со која ги избегавате грижите од секојдневието ќе ви го редуциа стресот значително уште во првите 10 минути.

Стегнете ги рацете во тупаници и опуштете ги.Оваа техника е техника за инстант релаксација, колку повеќе се стегате кога ќе ги опуштите тупаниците, вие на вашето тело му давате сигнал на релаксација. Потребно е да знаете дека опуштеното тело најмногу води кон опуштен ум, па затоа рекласирајте го вашето тело со некои ситни техники кои доста ќе направат за вас.

Доколку се наоѓате под интензивен стрес почастете се со релаксирачка масажа барем еднаш месечно која ќе ве остави релаксирани многу подолг временски период .