18 острови, места и плажи во Грчка кои во текот на Вашиот живот морате да ги посетите!

од  |  0 коментари

Многумина ја нарекуваат нишка на модерната цивилизација. Земја на маслините и виното, земја на Олимписките игри, земја на земјоделците, овчарите и морепловците, земја на три илјади острови, прекрасни плажи, земја на боговите Зевс, Посејдон, Аполон, Афродита, земја на Платон, Аристотел, Сократ …

Со нејзините многубројни контрасти и заводлив карактер, Грчка ќе Ве остави без здив. Препуштете се и Вие на убавините на Грчка, раздвижете ги Вашите сетила, почуствувајте добри вибрации на сиртаки и бузуки и дозволете заедно да патуваме до најпрекрасните места. Ви преставуваме 18 места во Грчка која би било убаво да посетете во текот на Вашиот живот!

Крф – Островот Свети Никола

Островот го добил името по црква која се наоѓа на левиот крај на плажата, на мало карпасто возвишение, од каде што ќе имате прекрасна глетка на околината. Овој остров има велелепни плажи со тиркизно сина вода која овозможува релаксација и возбудливи забави.

Навагио – Закинтос

Една од оние плажи кои се наоѓаат на многубројните разгледници и фотографии е токму плажата Навагио до која се стигнува со кајчиња и бродови. Белиот песок и синото море ќе Ве остави без здив.

Сарти – Халкидики

Место кое Грците го нарекуваатʺ Најубовото острво на копноʺ. Тоа име Сарти го добило поради многубројни заливи кои се наоѓаат во неговата близина. Сарти се наоѓа во вториот крак на полуостровот Халкидики, а од Солун е одалечен околу 140 километри.

Сивота

Сивота е живописно место, на половина час возење од Игуменица. Ова дестинација доста посетена и туристите секоја година се враќаат тука во се поголем број. Сивота е опкружена со заливи, острови, зелени ридови. Сивота се наоѓа во северозападна Грчка, припаѓа на областа Епир, а седиштето е градот Игуменица.

Парга

Град кој е сместен на обалата на Јонското море, југозападно од островот Крф, помеѓу градови Превес и Игуменица. Парга е опкружена со шума и преставува единствен спој на планина и море.

Тасос

Името на овој остров во превод на Грчки значи ʺШума која пловиʺ, преставува едно од најомилените и најпосетени туристички дестинации во северна Грчка.

Кефалонија

Кефалонија е најголемо острво во Јонското море со посебен шарм. Иако Кефалонија е развиено туристичко место со се повеќе туристи, на плажите во Кефалонија никогаш нема премногу гужва, благодарение големината на плажите.

Егремнои – Лефкада

Една од најдобро чувани тајни на Грчка е Егремнои. Прекрасен пејзаж, кристално тиркизна вода и мек, бел песок ја прави ова плажа да биде една од најубавите.

Рај(Paradise ) – Кос

Песок, извајани карпи и топлата вода на Рајската плажа во Кос – ќе се вљубите во ова место за миг! Иако тука има премногу туристи, плажата е сеуште една од најдобрите во Грчка.

Глифида

Иако станува збор за предградие во Атина, Грците сметаат дека срцето на Атина е токму тука, во Глифида. Тоа е така, затоа што жителите на Атина нивното слободно време поминуваат токму тука. Преубавите плажи се она што ја краси Глифида. Тука се и многубројни ресторани, таверни, пицерии …

 

Елиа – Миконос

Најголемата плажа на ова острово е Елиа, каде што се наоѓаат многубројни луксузни хотели и спа центри, ресторани, барови …

Островот Санторини 

Најпосетен и најпознат остров со локација на Егејско море кој припаѓа во група на Кикладски острови е островот Санторини. Во Санторини можат да се видат плажи кои се сметаат за најубави во целата територија на Грчка, а ноќниот живот е богат.

Финикас, Като Коуфониси

Ова место на Егејското море на вистински начин ја преставува убавина на ова регија сместена во потполно мирен амбиент, а секој одмор го прави совршен и незаборавен.

Касандра

Касандра се наоѓа во првиот крак на Халкидики, а името го добила по македонскиот крал Касандрос. Тука е развиена туристичка инфраструктура со многубројни хотелски комплекси, вили, семејни хотели, апартмани, продавници, кафулиња, ноќни барови, таверни …

Неа Пори

На долгата и широка пешчана плажа во јужниот дел на обалата под Олимп, изграден е Неа Пори, извонредно чисто и добро организирано летовалиште. Тука се широки улици, паркови, зеленило и секако преубави плажи.

OLYMPIC BEACH – Паралија

Ова е омилено летовалиште на подножјето на Олимп, на обалата на Егејско море и одалечено е само два километри од Паралија. Секое лето станува се повеќе популарно летовалиште за туристи од сите делови на светот. Тивко место, поволно за мирен одмор на златните песковити плажи.

Тасос –  GOLDEN BEACH

Од Скала Потомија, патот поред плажата ќе Ве донеси до познатата ʺЗлатна обалаʺ, односно Golden Beach, преубав залив со кристално чиста вода. Плажата е долга околу километар и прекривена со фин песок.

Родос

Секојдневно сончев Родос, поради што го нарекуваат остров на богот Хелиос, со неговите знаменитости, едно е еден од најпознати и најпосетени туристички острови на светот. Родос е најголем остров во архипелагот Додеканез, група од 12 острови на Егејското море.

Скопелос

Нетипичен остров на Егејот, со изобилство на вода и зеленило, остров на тишината и мирот и недопрена природа. Ова е најзелено острово со борови шуми и кристално чисто море.