5 трендови што ја обележуваат есента 2017

од  |  0 коментари

Спакувајте ги шорцевите и извадете ги кожните јакни.Есента е веќе во полн ек! Модните дизајнери и овој пат не не изневерија и креираа неверојатни парчиња за сечиј вкус.

Да видиме кои трендови го обележуваат овој најромантичен период.

 

1.Карирани костуми

Деловниот стил никогаш не излегува од мода.Така и оваа есен деловните аутфити беа број еден по модните писти,а посебно карираните. Иако лежерниот стил преовладува последниве години, класика си е класика, нели?

 

2.Зимски цвеќиња

Цвеќето отсекогаш било знак на среќа и почит,особено кај женскиот род. И оваа есен цветните принтови не заостанаа. Градинарските шари во склоп со есенскиот период изобилуваа на модните шоуа и не оставија никого рамнодушен. Секоја девојка би сакала да има барем еден флорален фустан за ноќно излегување.

3.Фармерки од глава до пети

Џинсот никогаш не ни беше излезен од мода,но овој пат зазема малку поинаков правец. Оbлечете се од глава до пети во вашите омилени Levi’s и излезете да се забавувате. Лежерно,а и стилски.

4.Сребрено

Бидете фенси! Сребреното иако е контра на она “есенското“ сепак овој пат дизајнерите одлучија дека ќе светиме. Каде би излегувале доколку немате барем нешто “sparkly” во вашиот изглед?

5.Црвено

Ако нешто може да се нарече боја на сезоната тогаш сигурно е црвеното. Бидете самоуверени и не се двоумете да ја покажете таа самоувереност преку вашите аутфити или како што е познато “Red is not just a color. Red is a state of mind.”