6 мали корисни make-up совети за наоѓање на практични решенија за вашата шминка

од  |  0 коментари

Колку често ви се случило да ви се скрши омилениор руж, кармин, вашите веѓи да изгледаат несредено а да не зборуваме за црвениот кармин кој иако ви е омилен изгледа дека постојано сака да направи отпечаток на вашите заби и да го расипе впечатокот кој вие сакате да го оставите врз другите.

Еве неколку практични совети кои веруваме на секој од нас ќе му бидат корисни.

1. Ви се скрши ли омилената сенка за очи?
Не фрлајте ја- извадете ја комплетно од опаковката и додадете малку вазелин. Добро измешајте – и ставете ја во старата опаковка или пак во искористена опаковка од лабело.
Можете да ја користите како сјај за усни, како течна сенка или пак како кремаст руж (нанесете со тапкање на вашите ”јаболчиња”.)

2. Ви се потроши ли маскарата, не купивте нова и потребно ви е решение?
Врз четката од старата маскара нанесете малку вазелин и нанесете ја вашите трепки.
Иако не препорачуваме долго користење на стара четка од маскара поради бројните бактерии кои може да се создадат со текот на времето и со користењето- овој трик може да ви користи како ad-hoc решение.

3. Сакате ли да имате совршени веѓи чија форма нема да се промени во текот на денот?
Нанесете малку креонче – но поприродно што можете.
На стара четка од маскара која претходно сте ја исчистиле со алкохол нанесте лак за коса.
Со четката поминете низ веѓите. Ќе забележите дека ќе добијат совршена форма и изглед.
Доколку не сте го испробале следниот трик- ви го препорачуваме почесто да го правите.

4. Марамчињата за чистење на лице ја сушат кожата и ги острануваат природните масла кои ја хранат кожата правејќи ја сува и непотхранета- затоа следниот пат кога остранувате шминка од вашето лице направете го тоа со памук и кокосово масло. Кокосовото масло не само што ќе ја исчисти брзо и лесно и најводоотпорната шминка и траен кармин, тоа длабински ќе ја потхрани вашата кожа.

5. Обожавате ли црвен кармин?
Но колку ли само лошо изгледа кога ќе се пренесе на забите нели?
За да не ви се ”растекува” по усните дефинирајте ги усните на самите завршетоци на карминот со малку коректор, а за да не се трансферира на забите нанесете малку вазелин.

6. ”Тврдоглав” молив за очи?
Наоштрете го и доближете  запалка во негова близина – ќе имате совршен кадифест во текстура молив кој јасно ќе ги дефинира вашите ”мачкини очи”.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *