8 начини да го искористете медот за негата на лицето и телото

од  |  0 коментари

Медот е една од најдобрите работи за хидратација, а поред тоа добар е и во војната против други недостатоци на кожата.

1) СРЕДСТВО ЗА ХИДРАТАЦИЈА   

Измешајте еднакво количество на мед и маслиново масло за да направете густ лосион. Масирајте ја сувата кожа и после 10 до 20 минути, измијте ја кожата и таа ќе биде мазна.

2) БАЛЗАМ ЗА УСНИ  

Измешајте лажица мед со 6 грама природен восок, 10 капки лимон, 2 капки масло со витамин Е и 50 грама масло од кокос. Кога смесата ќе се соедини, ставете ја во посебни садови кои имаат капачиња и поклопете ги.

3) ВОСОК ЗА ДЕПИЛАЦИЈА  

Измешајте 2 лажици жолт шеќер, лажица мед и една лажица вода во садот кој може да се стави во микробранова печка, па згрејте во печката се додека смесата ја добие кафеава боја. (отприлика 30 секунди). Ова смеса кога ќе се олади проредете ја со вода доколку е премногу густа. Смесата нанесувајте ја на кожата, а потоа ставете траки ткаенина преку смесата, стегајќи ја во насока во која растат влакната, па потоа брзо повлечете ја траката во спротивната насока.

4) ПРОИЗВОД ЗА КОСА      

Додадете лажица мед во Вашиот сапун за да ги излекувате оштетените праменови. Или измешајте го со маслиново масло и нанесувајте на косата па кога ќе поседи 15 минути (10 минути повеќе за оштетени праменови) измијте ја косата со шампон.

5) КУПКА       

Измешајте две лажици мед и 250 милилитри топла вода и оставете 10 минути за да може медот да се раствори. Додадете 2-3 капки масло од лаванда и сето тоа додадете во топла вода.

6) СРЕДСТВО ЗА МИТИСЕРИ      

Земете малку мед и нанесувајте го на митесерите, а потоа покријте ги со фластер 30 минути. (Медот е добар и кај изгорениците и гребнатините).

7) МАСАЖА ЗА ЛИЦЕ       

Измешајте две лажици млеко со две лажици мед.. Нанесете го растворот на лицето и оставете да поседи 10 минути пред да го измиете.

8) ЛЕК ЗА БРАДАВИЦИТЕ    

Нанесувајте го медот на проблематичните месата, два пати на ден и веќе наредниот ден ќе забележите резултати.