Алое вера за кожа каква што посакувате

од  |  0 коментари

Алое вера или познато како еликсир на вечната младост е едно од најчудотворните растенија кое се вбројува во групата на лијани. Овој тип на растенија успеваат само во тропските и суптропските предели.Постојат над 200 различни видови од ова растение, но само едно се користи за медицински цели, и тоа: Aloe Barbadensis Miller(латински) или комерцијално позната како Алео вера.Според легендите токму ова растение е “виновно“ за здравата и сјајна кожа на Клеопатра, која го користела за подмладување.

Алое вера ја одржува влажноста , сјајот и еластичноста на кожата, се користи при иритации, црвенило и успешно ги израмнува брчките. Тоа е едно од најстарите терапевтски растенија кое се смета за чудотворно. Козметичките производи често содржат алое вера. Ова растение станува вистински тренд меѓу жените.

Најпрво алое вера успешно ја одржува влажноста на кожата. На чисто лице нанесете мала количина на алое вера гел или маска. Ова растение постепено ќе ги отстрани дамките и несовршеностите од лицето. Исто така ќе ви помогне и во борбата против брчките, тоа брзо се впива во кожата, а многу е богато со хранливи материи, содржи есенцијални амино киселини, витамин Б, витамин Ц и Е, калциум, магнезиум и железо.

blemish_mud-yl-blemish-efs_1
Доколку имате проблеми со акни, алое вера може да ви помогне. Тоа ги отстранува мртвите клетки од кожата, ги чисти и отвора порите.

Доколу сакате да ги почуствувате благодетите од алое вера и да ја одржуватевашата кожа еластична и сјајна, пробајте ја маската на 7th Heaven од алое вера со додатоци од врба, медитеранска глина и рузмарин.

Погодна за: Нормална, Масна, Чувствителна и кожа со Т-Зона.

  • без глутен
  • без млечни компоненти
  • без деривати од јаткасти овошја
  • без додатоци на парабен

Начин на употреба: Исчистете го лицето со топла вода. Нанесете од маската рамномерен слој на лицето и вратот избегнувајќи ги очите и усните. Легнете и опуштете се 10-15мин. или додека не се исуши. Исплакнете со топла вода.