Чудесно масло за нега на кожа после деновите на море

од  |  0 коментари

Сонцето и соленото море се комбинација што ја одмара душата, но истовремено ја суши вашата кожа. Затоа, после летниот одмор потребна и е посебна нега.

Нега на кожа после море

Нега на кожа после море

Една од убавите страни на летото, покрај капењето е прекрасниот тен кој на вашата убавина и дава егзотична нота. Меѓутоа, проблем е тоа што сонцето и солената вода на кои сте секојдневно изложени во текот на одморот, ја сушат кожата на која после тоа и е потребна нега. Сепак, не е се така црно, затоа што постојат трикови кои можат да ви помогнат за кратко време да го повратите нејзиниот сјај и здрав изглед. Се што треба да направите е да спроведете некои од следните трикови.

Бадемово масло

Не само што ја храни и ја прави нежна, туку и ја штити од лупење и ја регенерира. Негативните последици после летовањето нема ни да бидат видливи на кожата.

Етерично масло од невен и ајдучка трева

Етеричните масла најчесто се припремаат со помош на сончогледово, бадемово или маслиново масло така што во нив додавате тревки по ваша желба и оставате заедно да одстојат 15 дена. Може да се користат како мелем за многу дерматолошки проблеми, а истовремено и како мелем за оштетена и изгорена кожа.

Маслиново масло

Кожата ја прави сјајна, а истовремено и ги ублажува изгорениците и чешањето кои настанале заради преголемата изложеност на сонце. Исто така обезбедува добра хидратација и помага при кожни заболувања. Ова е совршен природен мелем за вашето тело.