Детокс маска за лице – најдобрата суперхрана за освежување на вашето лице

од  |  0 коментари

Правите ли домашни маски?
Покрај бројните рецепти кои сме ви ги понудиле, денешната маска ќе ве воодушеви
Делува на лицето така што го храни длабински како ниту една друга маска на пазарот- а зошто?

Затоа што е подготвена со Spirulina Pacifica – најдобрата супехрана која може да се пронајде било каде на пазарот. Не само што внатрешно оваа алга го храни вашиот организам, ги чисти отровите од телото, го зајакнува имунитетот надворешно може да му помогне на телото да ја задржи еластичноста на кожата
Иако е препорачливо да се пие за да делува и вантрешно и надворешно за екстра ефекти се препорачува да се користи и за нега на кожата.

Бенефити за убавина со користење на Spirulina:

  • Таа е еден од најголемите извори на антиоксиданси
  • Користи хлорофил, кој помага во чистење на кожата и нејзино зацврстување
  • Помага кожата да добие поголема еластичност и влажност што помага при редуцирање на фините линии
  • Има смирувачки ефект кој е одличен и доколку имате роззацеа и сензитивна кожа
  • Може да помогне при елиминација на акни и бактерии на лицето

Подготовка на маската:

  1. Измешајте  1/4 лажица  Spirulina Pacifica со многу малку филтрирана вода со цел да се добие паста
  2. Нанесете ја маската на претходно измиено лице (не користете сапун – ја суши кожата)
  3. Оставете ја маската да остои 20 минути и остранете ја со топла вода и мека крпа.
  4. Завршете го третманот со тоник за лице и секојдневна крема за хидратација.

    Постапката се повторува макс. 2 пати неделно.