Детокс напиток за чистење на токсините и слабеење

од  |  0 коментари

Природната убавина доаѓа од она што го јадеме и пиеме како и нашиот животен стил комплетно а не само  од надворешната грижа. За таа цел денес ви прикажуваме еден добро испробан рецепт кој ќе направи вашата кожа да изгледа сјајно и убаво.
Пијте го напитокот секојдневно барем во период од 3-4 недели и ефектите ќе ги забележите и вие но и останатите околу вас.

Потребни состојки:
– 3 л вода
– 1/2 корен од ѓумбир ситно изрендан
– зелено јаболко
– листови од нане
– краставица ситно исецкана на кругови
– 1/4 грејпфрут на парчиња

Состојките се мешаат во еден поголем бокал или во 2 различни помали по 1.5 литри
Се пие чаша наутро , пред оброци и секогаш кога ви е потребно освежување

За да не ви здосади од истата комбинација повремено експериментирајте со вкусовите, додајте овошје по сопствен избор како јагоди на пример, лимон и магдонос, портокал, лубеница , боровинки, брусница и лимета….можностите се безбројни се додека напитокот го правите со обична вода
Во комбинација со балансирана исхрана напитокот помага при слабеење и намалување на апетитот па затоа пијте колку можете… 🙂