Како да го изберете вистинското седиште за во кола?

од  |  0 коментари

Кога купувате ново седиште за во кола секогаш внимавајте на следните нагласени точки :

– Седиштата со ознака “semi-universal certification” не се дозволени во сите возила. Проверете ја компатибилноста на седиштето со вашиот авотмобил преку листата на достапни информации на наеговиот веб сајт. Доколку се сомневате во компатибилноста, едноставно консултирајте се со самиот добавувач или пак подажниот персонал во продавницата за бебешка опрема која сте ја посетиле.
– Детските седишта за во кола се лесни за инсталирање во автомобилот
– Проверете ја должината на појасите на седиштето и осигурајте се дека не се кратки!
– Подесувањата за наслонот треба да се лесни, а исто и појасите во зависност од потребата.
– Безбедносното седиште треба да им понуди на децата кои спијат во кола , максимум странична поддршка и удобна поззиција за спиење како и перниче за одмор на главата кое се подесува.
– Седиштата кои се поставуваат во позадина на совозачкото седиште не смејат да бидат позиционирани зад воззачкот седиште каде има предно воздушно перниче. Во случај на две предни воздушни перничиња, потребно е да купите седиште кое се поставува на задното седиште.

– Кога купувате ново седиште за во кола осигурајте се дека е во согласноср со новите  ECE тест стандардни. Ознаката изгледа вака:

Објаснување за ЕСЕ ознаката:

Верзијата 04 на овој стандард е во употреба од 2006 година. Меѓутоа системите од претходната верзија ECE-R-44/03 сеуште може да се користат.Овој стандард ја означува минималната безбедност која едно седиште треба да ја обезбеди. Седиштата со тест ознаки ECE-R-44/01 и ECE-R-44/02 или пак со ознака “officially approved” не треба да се користат, па затоа кога размислувате за купување на старо/корристено седиште размислете околу безбедносните стандарди.

Опис:

  1. 1.UNIVERSAL: сертификат кој укажува на универзалност на седиштето
  2. 9-36kg: Тежина на телото на детето одобрена за седиштето
  3. GROUP 1/2/3: Група за која е одобрено седиштето
  4. ECE R 44/04:Европски тест стандарди кои се користат за безбедност за детските седишта 5. E8: Европски стандард сертифициран во одредена земја
  5. 0444596:Тест број; првите три цифри се однесуваат на верзијата на користениот стандард, овие две цифри треба да бидат 04 или 03!


ECE-групи

Возраст за патување во седиште за кола се однесува за деца до возраст од 12 години и висина до 150 cm. ECE-Standard 44 дефинира 4 групи од која секоја е дефинирана по воззраста и килограмите на детето. По правило на палецот доколку едно детенце е потешко или пак повисоко од предвиденото за да влезе во одредена група, треба да премине во следната група.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: https://lorelli.eu/en-ro/help-advice.html