Колекции на машки одела кои се инспирација за оваа 2015 година

од  |  0 коментари

Кога станува збор за оделата, тогаш оваа 2015 година во согласност со дизајнерите и списанието за мажи GQ, е година на стилски, класично-модерни мажи. Мажите па дури и момците, во последните неколку години се повеќе се инспирирани од класиката, а носењето на сакоа, кошули, струкирани пантални и машни ги замени дуксерите, обичните маици и широките панталони. Мажите се повеќе се навраќаат на класиката, а како ако не со едноставни но трендовски комбинации на парчиња. Се наближуваме во сезона на многу настани кои бараат од секој маж да се издвојува од топлата со својот истакнат стил.

Дали се прашувате што ќе биде во тренд кога станува збор за одела оваа сезона ? Ние ги разгледавме предлозите на дизајнерите и за вас припремивме колекција на дизајнерски одела чиј тренд ќе биде ИН оваа сезона, на вас преостанува само да го направите изборот.

Сините одела се одличен избор за секого, силната сина е бојата на оваа сезона покрај карираните и дизајнираните шари на кошули и одела. Кога синото сако ќе го искомбинирате со панталони во друга боја, оваа сезона ќе направите полн погодок!

1 сликаСтил кој не го очекувавте кога станува збор за одела се оделата во шари, бои и дезени. Оваа сезона еднобојните костими ги заменуваат одела во смели дизајни и бои кои ќе му дадат живот на вашиот плакар. Дали ќе се осмелите да бидете поинакви и впечатливи зависи само од вас, а на дизајнерите им преостанува да ви предложат нов правец во машката мода.

2 slika

Tренд изразен преку рокенрол изгледот, сакоa со поразлични дизмензи од класичните, ќе доминираат кај мажите оваа сезона. За бунтовниците ова е знак за нова ера кај машките одела.

ad416ec80026b489812c5a111bb54a00

Класиката никогаш не излегува од мода, но затоа пак редифинираната класика на двобојно одело во малку поопуштена варијанта одлично ќе доминира и кај помладите но и кај повозрасните мажи.

3 слика

Што и да купувате, оваа сезона не заборавајте го и елекот, затоа што се модерни троделните одела кои вклучуваат и елек.

4444

Класиката секогаш ќе остане во мода, со неа никогаш нема да погрешите, ниту за настанот, ниту со стилот.

9f33e0f000c7975726d01b6e1d8e63ecДеталите го прават севкупниот изглед поопуштен, помодерен и поелегантен, затоа и оваа сезона не ги заборавајте ги добрите аксесоари кога купувате одела.

streetfsn by Nam

 

Кога ви е потребен непогрешлив избор, секогаш зад вас стои Linkesti, бутик чие име стои зад безброј одлични стилски комбинации, бутик за секој модерен и елегантен маж. Наш предлог е да ја разгледате колекцијата на одлични машки одела кои овој бутик ги нуди и да го направите вистинскиот избор со СТИЛ.