Љубовната акција и музиката

од  |  0 коментари

Ритамот и врстата на музика која стимулативно ќе влијае на партнерите мора да биде по мерка на двајцата. Докторите за секс советуваат романтична музика, композиции кои ја скокоткаат мечта и ја разгоруваат страста

Предигра со R&B – Овие песни се полни со теми кои се однесуваат на љубовните емоции помеѓу мажот и жената па и самиот секс. Лесниот ритам ќе му помогне на тој кој е напнат да се опушти и да се препушти на нежните допири на својот партнер или партнерка.

Звукот за темпераментните љубовници –  Оние кои се со жежок темперамент не сакаат да бидат бавни во предиграта, ќе уживаат во звукот на електронската музика. Честите премини од бавен во побрз ритам создаваат незаборавно искуство.

Хаусот ја зголемува страста – Секси денс или хаус  ја разбудува мечта и како моќен афродизијак прави чуда во љубовната постела. Посебно делува на млади и партнери кои туку што влегле во брачните води. Потсетува на заоѓање на сонцето, море, плажа и коктел во рака…

Џез за лесен секс – Потполна предаденост и нирвана во вистинска смисла на зборот додека водите љубов ќе доживеете со џез. Сепак доколку се одлучите за таков правец во музиката би требало да го познавате музичкиот вкус на партнерот.

Боса нова за незаборавен оргазам – Боса нова е музика како создадена да ја возбуди жената. Бразилскиот ритам кој заведува прво ќе ве загрее, а со вистинската личност ќе ве доведе до оргазам.