Машки лаги кои не можат да се простат

од  |  0 коментари

Едно е да имаш пријателка, а сосема друго е кога пријателката ќе почне да се меша во вашата врска. Не ја видов пораката, а бев на Facebook преку мобилен. Некои лаги можеме да ги заборавиме или барем да прогледаме низ прсти на нашиот дечко кој не беше искрен, но некои се едноставно преголеми за да можеме повторно да им веруваме.

Не те изневерив

Го прашуваме дали го направил тоа, а знаеме дека е така. Ако му понудиме шанса да се оправда и евентуално да се извини за тоа што го направил, и тој повторно се држи до истото тврдење, целосно ќе ја изгубиме довербата.

Не се гледам со бившата
Не е проблемот во тоа што тој се гледа со неа, туку тоа што лаже. Ако навистина не му значи ништо, нема причина овде или онде да не испијат кафе заедно. Но ако договара средба со неа а лаже дека ќе излезе со другарите, тогаш настанува проблем.

Тоа ми е само пријателка

Едно е да имаш пријателка, а сосема друго кога пријателката ќе почне да се меша во вашата врска. Ако со неа се допишува а треба да биде заедно со тебе, ако му е поважна од тебе, дефинитивно не му е само пријателка.

Тоа не бев јас

Ова е една од лагите што не ги поднесуваме. Ако го видиме својот дечко во градот, иако ни рекол дека вечер ќе остане  дома. Најлошото што може да го каже во оваа ситуација е да рече дека погрешно сме виделе.

Не ја видов пораката

Ова е ситуација во која сеуште би можеле да поверуваме, но повеќето мажи од истиот тој мобилен се уклучени на Facebook и ставаат статуси. Ако веќе лажат, барем нека лажат паметно.