Мезотерапија – Третманот на вечната младост!!

од  |  0 коментари

Кои проблеми може да се решат со мезотерапија?

Мезотерапијата е современа нехируршка метода на вбризгување на витамински коктели и активни супстанци во средишниот дел на кожата, т.е мезодерм по кој и го доби името. Постојат две процедури: со игла каде мезококтелите се вбризгуваат во кожата, и без игла каде мезококтелите се нанесуваат со апарат или дермаролер.

Најефикасната мезотерапија всушност се прави со игла зошто активните состојки така продираат во длабокиот слој на кожата.

Мезотерапијата решава широк спектар на проблеми:

  • на лицето се работат антиејџинг третмани со хијалуронска киселина, витамини и антиоксиданти
  • лифтинг на лице, врат и деколте
  • Опаѓање на коса
  • целулит
  • стрии
  • липолиза
  • флеки
  • отеченост околу очи и темни кругови

Кога треба да го направите?

Со мезотерапија на лице би требало да се започне од 30 години, зошто тогaш се приметуваат првите промени и знаци на стареење. Тоа е минимално инвазивна метода која пациентите често ја опишуваат како безболна или благо непријатна. После третманот веднаш може да се вратите на секојдневните обврски зошто нема период на опоравување.

Индивидуална мезотерапија

Најновиот пристап на решавање на проблемите подразбира соработка со лекар каде се земаат во предвид барањата на клиентот, додека лекарот на основ на прегледот одредеува комбинација на мезококтел и супстанции. Овој современ пристап овозможува успешно да се решаваат сите проблеми со кои луѓето се сретнуваат.

Со еден третман може да се делува на повеќе проблеми. На пример Се прави мезококтел кој заменува ботокс, а има природни резултати делува добро на челото, друг коктел делува на околуочната регија, а трет комплетно го затегнува лицето.

На овој начин се постигнуваат максимални резултати.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *