Неверојатни бенефити од користење на лушпата од банана за вашата кожа и тело

од  |  0 коментари

Иако можеби е едно од највкусните овошја на нашите локални пазари и сме свесни доволно за богатите нутриенти, природните шеќери во нејзиниот состав и богатството од антиоксиданси, можеби и не знаете дека бананите имаат бројни бенефити за вашата кожа исто така.

Tоп 5 совети за убавина во кои можете да ја искористите лушпата од бананата и максимално да уживате вонејзините благотворни бенефити 

1.Ја осветлува кожата на местото каде имало лузни од акни:

 Доколку се соочувате со честа појава на акни пробајте го следниот трик со лушпа од банана.
Извадете ја луштапа од зрела банана и исецкајте ја на покрупни парчиња. Втријте ја со циркуларни движења на лицето каде се појавуваат акните или пак лузничките од акни и мозолчиња и правете кружни движења на лицето се додека парчето не стане кафеаво. Повторувајте 2 пати неделно.

2. Освежете ги уморните очи и темните кругови под очите

 

Доколку сакате да се ослободите од темните кругови и уморниот изглед на очите. Од излупената лушта од банана со лажица извадете ја сочната содржина на лушпата која наликува на бели кончиња и со малку алое вера гел измешајте ги во форма на паста. Маската нанесете ја на очите и релаксирајте се во период од 15 минути. Измијте со ладна вода. Додека алое вера гелот ја потхранува и навлажнува кожата, калиумот од лушпата од бананата ќе ви помогне да се ослободите од уморниот изглед

3. Ги ”брише” брчките од вашето лице 

Подгответе хранлива анти-ејџ маска со лушпа од банана и една жолчка од јајце. Маската се нанесува на чисто лице и се остава да остои околи 10 минути . Се мие со ладна вода.

4. Лушпата од банана се користи за белеење на забите

Доколку сте забележале појава на жолти дамки на вашите заби, пробајте да истриете на дневна основа малку лушпа од банана барем по 10 минути дневно и во период од првата недела природниот сјај на вашите заби ќе се врати. Ќе бидат бели, чисти и сјајни.

5. Против појава на модрици по телото

Дали сте склони на појава на модрици ? Без разлика колку силно и да сте се удрееле,модриците постојано се појавуваат. Најлесен начин да се справите со нивната појава е лушпата банана. Нанесете лушпа на местото каде се појавила модрицата. Менувајте го парчето банана откако ќе поцрни. Постапката повторувајте ја во рок од неколку часа додека одмарате на пример. Модриците и плускавиците од тврди и неудобни чевли брзо згаснуваат со користење на лушпа од банана на афектираното место.