Она што не можеме да го промениме треба и да го прифатиме

од  |  0 коментари

Среќата иако многумина не мислат така, не е производ на случајни околности, туку начин на кој ги осмислуваме ситуациите од нашиот живот. Прифаќањето на постоечката ситуација и избегнување на непостоечките ситуации е првиот чекор при избегнувањето на нездравите емоции. Меѓутоа тоа не значи дека сме среќни.

Среќата подразбира рационален, логичен и прагматичен контакт со реалноста, со другите луѓе и со нас самите. Со оглед на тоа што другите не можеме да ги менуваме, потребно е да ги прифатиме. Затоа пак можеме да влијаеме на сопствената промена. Прифаќањето на самите себе како прогресивни човечки суштества со сите свои добри страни и недостатоци води кон само-прифаќање, а за постигнување на долгорочна среќа добро е да се работи на остварување на сопствените потенцијали.
Желбата да бидеме најдобри што можеме самите, а не да целиме да бидеме најдобри на светот е рецепт за среќа.

Кога се прифаќаме себе, можеме да им се посветиме на желбите за личен раст и развој и притоа да направиме план за постигнување на остварливи цели.
Еден од најчестите недостатоци на луѓето кои не ги достигнале очекувањата на склад и задоволство е пасивното чекање нешто да се случи, да се променат околностите или некој да ги усреќи. Од друга страна дури и оние поединци кои не чекаат пасивно убави нешта да им се случат често пропуштаат да направат план за остварување на целите кои водат кон исполнување.

Какви се вашите цели?
Дали сте направиле план за остварување на реалистични цели? Дали тие цели  сте ги напишале некаде на хартија?

Денес, многумина се збунети и од различни причини им недостасува внатрешна структура. Доколку веќе во внатрешниот свет нештата не се кристално јасни, најлесниот начин е да ги поедноставиме низ разговор, анализа и запишување.
Доколку имате желба и волја да го разгледате сопствениот начин на размислување заради постигнување на задоволство и намалување на нездравите чувства, водете се од следните насоки и бидете издржливи во плановите кои ќе ги насочите кон постигнување на сопствените лични цели, раст и развој.

– Првенствено анализирајте ги мотивите, желбите и ставовите кои се продукт на начинот на кој ја осмислувате сопствената внатрешна и надворешна реалност.
– Бидете искрени спрема себе иако е болно за многумина да се откажат од своите соништа и желби за голем успех , константна состојба на среќа и добро состојба – во овој случај најдобро е да ги прифатиме нештата и желбите кои се реалистични и остварливи и опфаќаат способности кои се во нашиот домен на познавање.
–  Не постои секогаш решение за секој проблем . Овој факт иако може да звучи фрустрирачки всушност е факт. Она што не можеме да го промениме треба и да го прифатиме. Во спротивност на ова можеме да бидеме фрустрирани и да почнеме да негуваме нездрави емоции кои не може да водат кон личен раст и развој.
– Доколку прифатиме дека сме ‘’кројачи на сопствената среќа’’ и дека врз неа можеме да го направиме првиот чекор кон почитување на реалноста што е и предуслов за одржување на среќен живот.

Што значи поставување на рационални цели?
Оваа задача е сосема едноставна, под услов да се откажеме од идеите за совршеност. Дали е вистински неопходно другите да ни се воодушевуваат, дали треба да им се допаднеме на сите? Дали тоа се предуслови за лична среќа?
Многу млади луѓе не се откажуваат од своите тинејџерски соништа.
Кога доаѓаат до точка во развојот во кој желбите се противставуваат со реалната способност или можност, таквите луѓе често чувствуваат депресивност, анксиозност, понекогаш и безнадежност. Како да сакаат да кажат дека ништо нема смисла доколку не ги остварат своите соништа.
Реалистичните цели се во слад со нашите можности, сегашни околности, логиката и нашите желби, затоа добро би било да се прецизни и краткорочни. Непрецизните цели и оние кои се однесуваат на далечната иднина често може да бидат демотивирачки и лесно да водат до откажување.

Позитивниот однос спрема реалноста е пат кон долгорочна среќа.

Дали е корисно да се негуваат апетити кои ги надминуваат нашите способности? Дали сме губитници доколку прифатиме дека не сме во можност да ги оствариме сопствените цели и соништа? Дали можеби е подобро да се коригираат и ревидираат нашите желби со цел истите да бидат во склад со стварноста?

Често ‘’удираме со главата во ѕид’’ секогаш кога сфаќаме дека реалноста не е таква каква што  е.
Често не можеме да ја менуваме реалноста затоа може да го промениме нашиот поглед кон нашите цели.