Освежителна летна маска за лице

од  |  0 коментари

Сакате сјајна кожа?
Во лето не заборавајте повеќе да ја хидрирате кожата од било кога и да е.
Сончевите здраци и сончањето само по себе ја суши кожата и затоа и потребна длабока хидратација.
Покрај користењето на крем со заштитен фактор (поголем зашттиен фактор) во текот на денот без разлика дали сте под сенка или на сонце ви препорачуваме да ја испробате оваа одлична хидратантна и длабински потхранувачка маска за лице со Spirulina Pacifica.

Потребни ви се само 3 состојки а вашата кожа ќе изгледа фантастично
Се прави паста од 1 лажичка Спирулина, 1 лажичка мед и 1 лажичка органско кокосово масло.
Пастата се нанесува на чиста кожа и се остава да делува 30 мунути.

Освежително зар не?
Испробајте ја овој викенд и пријатно ќе се изненадите 🙂