Пилинг за тело од кафе – најдобро решение за борбата со целулит

од  |  0 коментари

Секоја дама сака совршено тело без целулит , мазна и глатка кожа.
Кората од портокал или целулитот која се формира најчесто во делот од бутовите е честа појава кај жените од секоја возраст- без разлика дали тоа е генетска појава или појава поради често седење или здебелување.
За целулит ретко дека постои трајно решение – меѓутоа со доволна хиратација на телото, физичка активност и нега на кожата неговата појава е помалку видлива.

Денес ви преставуваме еден од поуспешните домашни третмани за решавање на целулит – скараб од кафе
Кофеинот е добро познат по својствата за слабеење и подобрување на текстурата на кожата, па затоа најтопло ви препорачуваме и вие да го испробате овој рецепт.

Состојки:
  1. 1 шолја мелено кафе арабика.
  2. 1 шолја органски шеќер или сол.
  3. 1/2 шолја кокосово масло.
  4. 1/2 лажица цимет во прав
  5. 1 лажица витамин Е масло
  6. 1 лажица маслиново масло

    Состојките се мешаат заедно и се ставаат во контејнер со капак.
    Се нанесува во купатило пред туширање. Постапката е следна. Прво местото каде ќе го нанеувате пилингот измијте го со млаз на ладна вода. Избришете со мека крпа. Нанесете од содржината од скработ. со кружни движења кои се движѓат од коленото нагоре кон препоните. Никогаш не масирајте ги нозете од горе на долу- туку од долу на горе кон лимните жлезди со цел да се поттикне подобрување на цикрулацијата и исфрлање на вишокот на вода од телото.
    Скработ може да го оставите на нозете до 40 минути притоа обвиткувајќи ги нозете во најлонски фолии или пак веднша да го измиете по масирањето прво со топла а потоа со млаз ладна вода.

    *Запомнете туширањето со топла па со ладна вода ќе ја подобри вашата енергија, ќе ве расони и воедно ќе ја поттикне циркулацијата на вашето тело