Преспа, мал рај на Земјата. Место за вистинско опуштање и релаксација

од  |  0 коментари

Една од најубавите области во нашата Македонија е и Преспа. Најзначајна по своето Преспанско езеро, таа во себе крие голема историја, митови и преданија, природа и рајска недопрена убавина.

Преспа (историски името уште се поврзува и со терминот„песочна преграда“)— е историско-географска област, котлина во чиј центар се сместени двете преспански езера — Големото и Малото. За Преспа може многу да се каже. Таа во себе крие голем потенцијал, неискористени капацитети и природни убавини кога станува збор за туризмот.

Митовите за Преспа кажуваат дека Царот Самуил имал ќерка Преспана, која по смртта на својот татко живеела во крајбрежното село Царев Двор. Била надалеку позната по својата мудрост, убавина и храброст. Кога разбрал еден византиски дворјанин, а според некои преданија тоа бил цар Василиј, решил да ја побара нејзината рака. Кога дошол по неа, со цела свита, Преспана не скајќи да му стане сопруга на противникот на нејзиниот татко се фрлила во езерото. Од тогаш до ден денешен тоа езеро се вика по неа – Преспа.

Преспа претставува  едно од значајните домашни туристички места во кои вратите секогаш се отворени за сите туристи и посетители. Позната по своите туристички населби и кампови Претор, Отешево, Сливница и Крани, Преспа изобилува со одличен потенцијал за туризам. Плажите во минатото беа едни од најпосетените плажи со странски и домашни туристи, а во последните години заживуваат и го враќаат својот сјај.
Детските одморалишта во Преспа се едни од најпознатите летувалишта во државата.

Исто така, денес Преспа може да се пофали со бројните ресторани кои се нанижани како преспански гердан покрај Преспанското Езеро и во кои убавите и богати софри се надоплнуваат со надалеку познатиот преспански крап и  нивичката белвица (позната како циронка). Затоа, многумина велат дека Преспа со своите песочни плажи и убават храна е рај за одмор на душата. Воздухот и тишината, се чини  прочистуваат од корен и ги  поттикниваат посетителите повторно да дојдат во Преспа. Природната убавина на овие простори , летувалишта, песочни плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи го красат крајбрежејто на ова мало но полно со живот.

Автокампот Крани од минатата година блесна во нов подобрен сјај, под покровителство на хотел Капри Битола. Кампот може да се пофали со тениски игралишта, фудбалски игралишта, песочни плажи кои гарантираат убав помин. Со многу љубов и труд овој крај заблескува во сиот свој сјај.

Оваа сезона не заборавајте да го посетите овој крај и да се уверите во неговата убавина.