Промотивни намалени цени и ваучери за попуст за Форд

од  |  0 коментари

Промотивни намалени цени и ваучери за попуст во висина од 200 за купување ново патничко возило се двете најнови изненадувања од компанијата Ми-Да Гранд Моторс Скопје, главни увозници и застапници за Ford автомобили во Македонија. Во следниот период, компанијата Ми-Да Гранд Моторс одлучи своите најпосакувани возила Ford Mondeo и Ford Focus да ги понуди со Trend ниво на опрема и дизел мотори по промотивни цени во рамки на кампањата „Заљуби се во патот повторно“.

Исто така во склоп на оваа кампања, во следниот месец, Ми-Да Гранд Моторс доделува ваучер за попуст во висина од 200 евра (во денарска против вредност) за купување ново патничко Ford возило со важност до крајот на годината. „Сите заинтересирани за нашата понуда на Ford возила, на едно место, ќе може да се информираат на нашата нова веб страница www.ford.mk. Секој што ќе закаже тест возење на возило од нашата гама преку нашиот сајт, ќе добие ваучер за попуст во висина од 200 евра (во денарска против вредност) при купување на ново патничко Ford возило. Ваучерите ќе се доделуваат во следниот месец, а ќе важат до крајот на годинава. На овој начин, сакаме да ги мотивираме граѓаните да ги испробаат возилата и да се уверат во удобностите на Ford возилата“, вели Предраг Николовски, маркетинг менаџер во компанијата.