REFAN INTENSE GOLD EAU DE PARFUM

од  |  0 коментари

Парфемите INTENSE REFAN GOLD се изненадувачко продолжение на серијата GOLD, со траен интензивен потпис на REFAN.

Кога избираме парфеми, сакаме да ја следиме модата и истовремено да бидеме посебни и уникатни – затоа е неопходно правилно да ги одбереме.

INTENSE REFAN GOLD. Нивното ново и атрактивно пакување им дава луксузна визија и го претвора парфемот во уникатен накит и извонреден подарок за вас и за другите. Поголемиот волумен на шишето овозможува да се користи подолго, без заштеда.

Новите трендови во светот на парфемите – “екстремни” и “интензивни” – освен добро познатите класични, обезбедуваат бегство од досадата и враќање кон мистеријата на природата. Ова се долготрајни мириси со зголемен интензитет и збогатен состав со акцентирана цветна свежина или зачини, овошни ноти или топли односно дрвени ноти.

Повисоката концентрација и новите комбинации на омилените парфеми се чекор со бурниот современ свет на силни емоции и тие се наменети за оние кои бараат нови сензуални искуства.

Овие ултрамодерни мириси целосно ги задоволуваат модните трендови и дополнително го потенцираат индивидуалниот шарм, создаваат радосни емоции, го подобруваат расположението, ја зголемуваат довербата.

Верувајте, тие се вредни!