Што да се внимава кога се избираат плочки за тераса?

од  |  0 коментари

Еден од битните елементи за уредување на терасата, балконот или тремот секако е изборот на плочките со кои овие површини ќе бидат обложени. Покрај големината, бојата, дезените и текстурата, треба да се обрне внимание на неколку важни својства кои треба да ги поседуваат плочките за тераса, односно за екстериер.

Untitled

Така, плочките за ѕидовите може да бидат потенки и помалку отпорни на абење додека за подните плочки треба да се изберат подебели, отпорни на абење и со поголема цврстина.

Плочките кои се користат за уредување на терасата треба да бидат подебели од 7 mm и да бидат отпорни на абење, со коефициент на цврстина преку 5 според  MOHS скалата.

Untitled 2

Друга битна разлика која се прави при изборот на плочки е степенот на впивање на вода. За уредување на терасата треба да се изберат плочки кои впиваат вода помалку од 3%, бидејќи ова својство ја карактеризира плочката со отпорност на вода од атмосферата и отпорност на мраз. Имено, плочките кои апсорбираат повеќе вода се склони на пукање при многу ниски температури.

Untitled 1

Кога станува збор за изборот на дезен и боја, плочките со мотиви, односно текстура на камен идеално се вклопуваат во екстериерот. Тие ќе допринесат во природноста на амбиентот, при што со додавање на мебел од дрво и зеленило ќе се создаде потополно складна атмосфера. Секако, доколку ви се допаѓаат цветни дезени или еднобојни плочки, одберете ги нив. За полесно одржување и помалку видливи траги на нечистотија одберете плочки за тераса во пастелни тонови – беж, кафени или зелени нијанси или пак боја на бело кафе, песок, камен или цигла.

Patio

Доколу сакате да го направите вистинскиот избор кога станува збор на плочки за вашиот двор,тераса,терм посетете го вистинското место Бал Бања Битола каде што ќе ги пронајдете незаменливите гранитни плочки на Casa Bella Италија.