Со кариран дезен – како слезени од модна писта!

од  |  0 коментари

Карирани дезен е дозволен за секоја прилика, од дневни излегувања, одење на кина па до деловни состаноци. Само е битно да пронајдете кој дезен најдобро ви одговара.

Еве ги  предлозите а Вие одлучите се која комбинација е токму како за вас.

За да бидете во тренд, доволен е и фустан со кариран дезен. Карираниот фустан одлично се вклопува со рамни чизми.

Доколку сте љубител на неутрални и нежни бои, карирани кошули во светли нијанси се идеално решение за Вас. Најкласичната црвено – бела варијанта на каро коцки со примеси на кафеава боја многу убаво ќе одговара со темните фармерки.

Карираните кошули се вечен тренд кога е спортска елеганција во прашање.