Совршени идеи за декорирање на детска соба

од  |  0 коментари

Дали вашето детенце стигнало на возраст да има своја сопствена соба, или пак веќе има своја соба но сакате да ја направите посебно убава?
Идеите за декорирање на една детска соба можат да бидат различни, во зависност од возраста на вашето дете, па се до изборот на дизајн за девојче или момче па се до стилот на уредување (универзална детска соба за повеќе деца, спална соба + работен дел или пак дел за спиење со дел од собата наменет  за играње).

1. Идеи за уредување на детска соба за бебиња и деца  0-3 години.
Детските соби наменети за најмладите е добро да бидат уредени во нежни пастелни бои (розеви и лила (за девојчиња, сини и зелени за момчиња и нежни жолти тонови за неутрална детска соба, но секако тоа не траба да биде правило, затоа што убаво е зелена соба со розеви тонови да се декорира и за девојче, а зелено со лила и за момче. Инвентарот кај ваквиот тип на детски соби треба да биде минимален, односно да се состои од бебешко креветче, мал плакар и дел за преслекување на бебето, и нормално некаква удобна фотелја за мирно заспивање на вашето малечко. Кога станува збор за слики, врамени фотографии, и слично во овој дел  задржете се на минимализам. Рачно насликаните мурали на ѕидовите се одличен избор за соба за бебе и соба за деца и ви ги препорачуваме како одличен начин за декорација.

Детска оба за момченце

Детска соба за момченце

222233333335555555555

2. Идеи за уредување на детска соба за деца од 5- 10 години

Во овој дел декорирање на собата може да биде пошарено, помалку неутрално за разлика од бебешките соби и дозволува декорирање со повеќе елементи. Плакарот за поголемо детенце треба нормално да биде поголем, да содржи елементи за инкорпорирање и складирање на облека, обувки и нормално играчки, затоа што децата на оваа возраст имаат доста играчки кои всушност можат да ви предизвикаат неред.

1nnnnnnnnnnnnnndetskaaaaaaaaaaaaakids-room-design144444444444444444444444444

3. Идеи за декорирање на детска соба за деца на возраст од 10-15 години

Оваа возраст е идеална за покласично уредување на собата, затоа што вашето дете веќе е веќе големо и веќе има потреба од користење на Тв приемник, компјутер и работен дел за учење во неговата соба.
Затоа кај ваквиот тип на детски соби без разлика на полот, идеално е инкорпорирање на вакви елементи во собата со цел таа да стане мулти-функционална и практична за вашето веќе големо дете.
detska soba 10n1n31nnnnat

 

Мебелот е она што ја менува целата слика на  вашиот домот. Кога станува збор за негова промена, при уредувањето на детските соби бидете уникатни и свои, нарачајте комплетно уредување и мебел по ваша мерка и стил за уникатна детска соба од SDI плакари,  единствените SDI плакари во Скопје кои работат со програмата SDI  плус и се лоцирани во Карпош 4, булевар Партизански одреди.
Вашите деца ќе бидат воодушевени, а нормално и вие од совршените решенија кои тимот на SDI- Карпош 4 ви ги нуди.