Убава и негувана во НОВА ГОДИНА

од  |  0 коментари

 

Секој од нас сака да во нова година влези убав, насмеан и задоволен со сопствен изглед. За да кожата Ви остани негувана и во студените зимски месеци, неопходно е да на кожата и овозможите соодветна заштита и правилна нега. Студот, ветерот, централното греење, стареење и различни други фактори влијаат да кожата биде сува. Сочувајте го негуваниот изглед на Вашата кожа само со неколку чекори.

Ароматерапија

Купки од секогаш се користеле за нега, опуштање и одржување на здравје. Познати купки на Клеопатра, купки со мед, млеко и етерски масла сигурно придонесоа за незината неодолива привлечност. Богати Грци и Римјани секојдневно користеле купки. Дури и Хипократ нагласувал важноста на купките и масажа за одржување на здравјето. Со помош на етерските масла можете да креирате мала спа оаза во купатилото и на тој начин ќе одржите спој со природата, ќе го унапредите здравјето, убавината, добро чувство. Потребни Ви се када, етерски масла, мирисни свеќи и добра музика.

Пилинг и хидратација

За да ја освежите ложата, после ароматерапија, дозволете себе си пилинг за цело тело, вклучувајќи ги рацете и стапалата. Предност на користењето на пилинг е во тоа што има регенеративно делување на кожата, така да подобрува тргнување на мртвите клетки и надворешниот слој на здебелената кожа. По пилингот нанесете млеко или лосион и добро хидрирајте ја кожата. Препорачуваме она која содржи масло од бадем или авокадо и слични состојки кои кожата ќе ја хранат. Млеко за тело на база на масла посебно ќе ја заштитат Вашата кожа од сушење.

Витамини и природни масла

Освен внесување доволно количество на вода, за да ја заштитите кожата, нанесувајте крем кој содржи витамини. Витамин Е, е многу добар кај за да го реши проблемот со сувата кожа, а дејството на кремот збогатен со витамин е можете да го подобрите со земање таблети со витамин Е, кои ќе ја зајакнат кожата од внатре.