Уредување на вашиот дом според вашиот стил на живот.

од  |  0 коментари

– Практични Совети за  3 различни животни стилови:

Дом за single особи:

Идеален дом за single особи ,кои што обично имаат навика да водат брз и активен животот, а под тоа секако се  подразбира дека во својот дом скоро и да не се ,,вртат,, . Обично овој стил на живот исто така подразбира и јадење надвор од домот, во ресторани. Но сепак домот мора да се одржува во случај да не наврати некој ,,посакуван гостин,, или евентуално некој пријател. Она што вообичаено ваквите домови содржат е:

  • Мала кујна кој зафаќа минимален простор.
  • Мала трпезариска маса за две или евентуално четери особи, или едноставна breakfast масичка во склоп на самата кујна која што исто така во зависност од ситуацијата може да послужи и како работна маса.
  • Дневната соба би требало да биде централно место во домот каде што задолжително ќе има удобна гарнитура за седење, стерео озвучување па секако не се знае кога ќе има добра забава и се разбира голем плазма телевизор кој што ќе служи за домашно кино.
  • Спална соба, која што не мора да биде којзнае колкава, но задолжително мора да има удобен кревет.Но меѓутоа доколку имате ограничен простор на располагање во вашиот дом ,спалната соба или подобро речено вашиот    ,, ќош за спиење,,  може да биде во склоп на дневниот простор ,така што на пример креветот за спиење би бил одделен со параван.

11

Дом за заљубен пар

Идеалан простор за живеење за млад пар без деца, кои што обично обожаваат да го врват своето време во кујна да приготвуваат вкусни оброци,да се дружат и да приредуваат  вечерни дружби  со пријателите би требало да содржи:

  • Доволно голема и добро осмислена кујна која што ќе ви овозможи секојдневно уживање  во неа. Но треба да водите сметка таа да не биде и преголема. Така што  би имале доволно простор за останатите потреби како на пример :трпезаријата и дневната соба .
  • Класична трпезариска маса за шест особи,каде што би имале простор за импровизација и сместување на десет особи.
  • Комфорен простор за дневна соба каде што ќе можете да сместите голема и удобна гарнитура.
  • Зависно од големината на станот а пред се и од желбите на сопствениците на истиот, спалната соба може да биде потполно или делумно одвоена.

small-kitchen-design-ideas-photos-small-kitchen-design-home-decorating-professional-dbf12boe     red-interior-design-10

Дом за четворочлена фамилија

Идеален дом за четворочлена фамилија би требало да има барем 70 квадрати. Но да бидеме реални, со оглед на околностите и  цената на недвижностите  многумина и ја немаат таа среќа. Но сепак минимален комфор за четворочлена фамилија може да се постигне и во помали станчиња.

  • Повеќе функционлана кујна, која што не значи дека мора да биде преголема, бидејки сепак секој квадрат е важен.
  • Трпезариската маса треба да биде доволно голема така што истовремно би  се користела и како работен простор.
  • Што се однесува пак до спалните соби децата и родителите задолжително треба да имаат одвоени соби. Доза приватност и интимност е неопходна за нормален начин на живот. Без разлика на тоа дали во дневниот простор ќе спиат децата или родителите, важно е  да имате функционален намештај во  дневната соба , а најважно од се е да има можност за едноставна транформација на истиот од една во друга функција,  односно од спална соба во дневна соба.
  • Вечниот проблем на многумина – Никогаш доволно простор за сметување за сите работи.Доколку и вие го имате овој проблем, а од друга страна имате ограничен простор за живеење. Решете го тоа на начин што ќе ја искористите висината и  ќе направите огромни плакари од еденот  ѕид  до друг ѕид.

images        small-lovely-bedroom-interior-inspirations