Уживајте во погледот на нашиот најголем бисер-Охридското езеро!

од  |  0 коментари

Супер глетка и супер-вкусна храна!
Доколку размислувате каде да го поминете овој продолжен викенд кој следи -ние имаме предлог за вас- посетете го Охрид и уживајте во убавината на Охридското езеро.
Иако сеуште летната сезона е далеку и бањањето во прекрасните води на нашето најголемо езеро не е можно во оваа сезона поради ниските температури на водата, сепак можете да уживате во викенд без стрес и викенд со прошетки покрај кејот на езерото во нашиот најголем бисер- Охрид.