Забрзајте го растот на косата!

од  |  0 коментари

Ако сте незадоволни со кратката фризура, постои решение. Растот на косата може да го забрзате со цел да го постигнете посакуваниот изглед. Ви откриваме совети од кои вашата коса побрзо ќе расти.

Пилинг на теме – И на кожата на темето и е потребен пилинг со цел да ги отстраните сите изумрени ќелии. Со четка за коса со помеки или дрвени запци нежно рашчешлајте прамен по прамен од коренот до врвовите. На овој начин ќе поттикнете циркулација, а со тоа и побрз раст на косата.

Масажа на темето – Масажата на темето поттикнува циркулација , а може и да ги одпуши запушените фоликули на косата, па на тој начин да поттикне раст. Доволно е за време на миење нежно да се измасира темето со прстите.

Јадете протеини – Влакната воглавно се состоја од протеини. Доколку во исхраната вклучите повеќе протеини, ќе го забрзате растот на косата. Јадете повеќе спанаќ, јајца, риба, пилешко и ореви.

Повеќе витамини – Растот на косата го забрзуваат и витамините. Во организмот внесувајте повеќе витамин Б7, железо, зинк, рибино масло.