Зошто настануваат брчките и како да ги отстраните?

од  |  0 коментари

Почнувајќи на отприлика 25 годишна возраст од животот, на површината на кожата се јавуваат видливи знаци за општо стареење на кожата. Во тие години се успоруваат процесите во кожата, а стуктурите почнуваат да слабеат. Започнува да се менува количината на супстанци кои ја затегнуваат и ја прават мека. Ова е последица од комбинацијата на внатрешни процеси на стареење на организмот и влијанието на надворешните фактори.

Еден од очигледните знаци за стареење се брчките, кои стануваат се подлабоки како што времето поминува. Постојат бројни начини како да се делува на нив, како неинвазивно така и инвазивно. Некои нудат моментален бенефит а некој долготраен резултат.

Каде се појавуваат брчките и зошто?

Кога старееме, количината на супстанции кои ја одржуваат кожата млада и мека се намалуваат. Тука спаѓа колагенот, еластинот и хијалуронската киселина. Кај младите, правилниот распоредна дермалното ткиво и големите залихи на колаген и еластин, придонесуваат за добрата структура, па тогаш кожата изгледа изедначено и цврсто. Со текот на времето внатрешните процеси на стареење предодредени од нашите гени, заедно со оксидативниот стрес предизвикан од надворешните фактори, на пример заради изложување на сонце, почнуваат да влијаат на изгледот на кожата. Годишно, нивото на колагенот се смалува за 1% и тоа во неорганизиран распоред на дермалното ткиво што доведува до губиток на јачината на кожата и појава на брчки.

Уште еден клучен фактор во настанување на брчките е се послабото производство на хијалуронска киселина. Тоа е сврзна супстанција која ги обвиткува келиите и дава младешки изглед. Со слабеењето на таа супстанца кожата станува подложна на брчки. Овие процеси на општо стареење придонесуваат за губење на густината и волуменот.
За разлика од губењето на волуменот, густината, цврстината, еластичноста, брчките се впечатливи и изразени како линии или набори на лицето. Обично прво стануваат видливи во одредени подрачја:
• На челото може да забележите хоризонтални линии и брчки меѓу веѓите. Почнуваат како мимични брчки и дел секако се последица на изразите на лицето и гримасите кои ги правиме. Со текот на времето се продлабочуваат.
• Во надворешните агли на очите се јавуваат фини линии кои подоцна стануваат изразени. Познати како бори настанати од смеење. Тие се забележуваат први зошто танката кожа е посклона на брчки за разлика од другите делови на лицето.
• Измеѓу носот и устата се подлабоки брчки кои ги поврзуваат тие два делови од лицето. Се јавуваат заради губење на волуменот кој повторно е знак за опуштање на кожата, познати како назолабијални набори.
• На челото со текот на времето се јавуваат брчки но не како последица на изразите на лицето.Прво се јавуваат како структура наизглед на креп хартија. Намалената густина и еластичност се главни за нивната изразена видливост. Се јавуваат било каде на лицето но најмногу доаѓаат до израз во подрачјето под очите.

Изложување на сончевите зраци

Ако кожата е изложена на сонце и незаштитена од УВ зраците може да дојде до појава на брчки. Продолженото и повторувачко изложување го оштетуваат колагенот и доведуваат до намалена еластичност, слаба структура на кожата. Тука настанува погоден момент и можност за појава на брчки.

Пушење. Оксидативниот стрес е последица на пушење и овозможува да се јават општи знаци за стареење . Освен тоа, никотинот и хемикалиите во цигарите го оштетуваат колагенот и еластинот во кожата. Тоа влијае на јачината и еластичноста што доведува до појава на брчки.

Како да ги отстраните брчките?

Отстранување на брчки со помош на ботокс. Овој третман обично се користи за превентива кај мимични брчки кои настануваат како последица на движењето на очните капаци. Самото дејство на ботоксот е такво што доведува до опуштање на мускулите, заради што брчките се повлекуваат или намалуваат.

 

Ако брчките се наоѓаат околу очите, особено оние во горниот и долниот дел на очните капаци тогаш се повеќе истакнати. За нив вистинско решение се филерите кои може да имаат долготраен или краткотраен ефект. Истите може да ве подмладат дури за 10 години.

Во комбинација со третмани за нега и хидратација, ефектот е уште поголем.