Тренд идеи за уредување на домот – инспирација од годишните времиња

од  |  0 коментари

Ако сакате вашиот  ентериерот да изгледа софистицирано и гламурозно, морате да посветите поголемо внимание на најпопуларните стилови за секоја сезона.

Пролет – користете пастелни бои и цветни мотиви

-Внесете ја свежината на пролетта и целата нејзина убавина во вашиот дом.
-Пастелни тонови и пудреста розова се боите кои доминираат за време на пролетта, збогатени со мотиви на цвеќиња. Материјалот на мебелот или тапетите на sидовите се идеални делови каде што можете да ги изразите мотивите на цвеќиња.

Лето користете ги боите на морето и сонцето


-Внесете ја свежината и топлината која ви ги нуди летото.
-Темно сина, бела, тиркизна, жолта, се моите на летото. Поиграјте си со сите нијанси на сината, кремастата и темно црвената.
-Користете морски мотиви кои се одликуваат со свежината на летото, романтичен дух и разиграност, сидро, бродови, школки и сè што потсетува на лето и море.
-Морски цртежи и школките ќе се најдат на ѕидовите во многу домови.
-Со тоа што мебелот ќе биде едноставен, со обични линии и дезени, слободно можете да си поиграте со дезените на перничките.

Есен користете рустични и топли тонови


Мирис на топол чај со цимет и печена тиква и веќе го уживаме чувството на пријатна есен во нашиот дом.
Одберете различни материјали и текстури за мебелот, но не заборавајте да ги облечете декоративните перници на вашата софа во боите на есента, жолта, портокалова, црвена, зелена. Не заборавајте го мекото и топло ќебенце за попладневна дремка, кое може да послужи како декорација на софата.
Вклучете дрво, тули и тешки материјали во вашиот ентериер, оваа есен.

Зималуксузен стил и инспирација од различни земји


Нема ништо поубаво во текот на зимата од добро друштво во топол дом, вкусна храна и мирис што секогаш не потсетува на магичните празници.
За време на зимскиот период во домот владеат богати и интезивни нијанси.
Фокусот е ставен на кадифе, изберете мебел со материјал на кадифе, а декоративните перници нека бидат украсен со светлосни натписи.
Внесете весела енергија преку шарените ламбички.