Во лето постојана заштита од сонце

од  |  0 коментари

Патувањата се дел од забавните летни активности. Постојано сте изложени на сонце, но дали се заштитувате?

За правилна и целосна заштита на кожата во лето важно е да изберете соодветен крем со УВ заштита и да ги познавате својствата на кожата и нејзината чувствителност на сонце. Прво и основно правило за заштита од штетните сончеви знаци е дека перидов никаде и никогаш не смеете да одите без да се намачкате со соодветен крем со заштитен фактор. Заборавете на безбрижно сончање, избегнувајте солариум и заштитите се со висок фактор кога шетате низ град или на планина, дури и додека се возите во автомобил. Од 12 до 16 часот, кога УВ индексот во текот на летните месеци е највисок, изложувањето на сонце треба да се сведе на минимум, особено ова важи за децата. Во текот на целиот ден важно е да се нанесува средство со заштитен фактор, во интервал на секои два часа, по можност и почесто. Оние кои поради работа или некои други обврски мора да излегуваат во тој период, се препорачува да носат лесна и светла облека.

 

Зошто да внимаваме на заштитата? Прекумерното изложување на сонце и на штетните ултравиолетови зраци (УВ) ја зголемува можност за заболување од меланом. Затоа сериозно сфатетете ја заштитата на кожата со соодветни креми и лосиони со висок заштитен фактор.

Заштитен фактор (SPF) е ознаката која означува колку време може да поминеме на сонце со некое заштитно средство без кожата да ја изложиме на оштетување. Колку е повисок заштитниот фактор, толку е поголемо неговото заштитно делување. Исто така треба да се напомене дека SPF ознаката дава приближни вредности, постојат и други фактори кои влијаат на безбедноста при сончање, како на пример типот на кожата, својствата на производот кој се користи и атмосферските услови. Секоја кожа има различни карактеристики, или припаѓа на одреден фототип.

Затоа, за правилна и целосна заштита исклучително важно е да се знаат својствата на сопствената кожа и нејзината чувствителност на сонце. Знаејќи го ова, не само што ќе знаеме колку време смееме да поминеме на сонце, туку и кое средство да го избереме. Предлагаме да користите средства со SPF 50, или минимум SPF30 и особено да бидете внимателни во првите денови на сончање додека сте на летување. Кремот се бира во согласност со бојата на кожата, колку е тенот посветол толку треба да има повисоко ниво на заштита.

 

Исто така следете го УВ индексот – УВ 1 и 2 е ниска опасност, најопасно е кога индексот е 11 и повеќе.

УВ 1, 2 – низок ризик: Повеќето луѓе можат да бидат изложени на сонце подолго од еден час и да не добијат изгореници и за заштита е доволно да носат очила за сонце. Потребна е претпазливост за доенчиња и за луѓе со исклучително чувствителна кожа

УВ 3, 4, 5 – умерен ризик: Се препорачува да се носат очила за сонце, капа со широк обод и да се користат заштитни креми. Покрај тоа, луѓе со многу чувствителна кожа и малите деца во перидот од 12 до 16 часот треба да останат под сенка и да носат лесна облека со долги ракави, бидејќи можат да добијат изгореници за само 20 минути изложеност на сонце.

УВ 6, 7 – висок ризик: Се препорачува престој под сенка во текот на денот, носење на очила за сонце, капа со широк обод и задолжително користење на заштитни средства. Луѓе со чувствителна кожа и малите деца дури и не треба да бидат излезени помеѓу 11 и 16 часот, најдобро е во тој дел од денот да престојуваат во затворена просторија и да избегнуваат плажа и прошетки, бидејќи многу лесно можат да добијат изгореници.

УВ 8, 9, 10 – многу висок ризик: На сите им се препорачува да се намали престојот на сонце помеѓу 11 и 16 часот и мора да бидат заштитени со очила за сонце, капи, облека со долги ракави и заштитни креми. Поединци со многу чувствителна кожа и децата можат да добијат изгореници за помалку од десет минути.

УВ 11 и повеќе – екстремна опасност: На сите им се препорачува да престојуваат во затворени простории помеѓу 11 и 16 часот, како и максимална заштита. Поединци со чувствителна кожа и децата можат да добијат изгореници во помалку од пет минути.

Летната сезона е во ек. Па сите оние кои за прв пат се сретнуваат со Пигмент Плус и имаат желба да дознаат информација повеќе:

* Пигмент Плус е козметички производ кој во себе содржи природни состојки кои ја стимулираат примарната и секундарната пигментација.
* Не содржи заштитен фактор кој ги одбива сончевите зраци, Пигмент Плус соработува со сонцето.

* Крајната цел од употребата на овој производ е правилно исончана кожа, богата со мелатонин.
* Правилно исончаната кожа не се лупи, не се иритира и станува мека и еластична. Пигмент Плус придонесува Вашата кожа да добие брз, долготраен и темен тен.

* За постигнување максимален ефект, целиме корисниците доследно да го почитуваат упатството на задната страна од пакувањето. Особено важни се првите три дена од сончањето, да се практикува препорачаниот тајминг колку време ќе бидат изложени на сонце. Најчесто тука не се зема во обзир рефлексијата на светлината која ја создаваат водата, песокот, лисјата од дрвата и сл. Кога се стои под сенка може да се стави тенка летна облека.

* После 3-тиот ден препуштете се на сонцето и убавините кои ги носи летото, без страв дека ќе предизвикате оштетување на Вашата кожа.
* Да не го користат алергични на пчелини производи.

Превземено од: www.stylist.mk