Во ред ли е да се користи крем со фактор откако ќе му помине рокот на траење?

од  |  0 коментари

Дали некогаш сте се запрашале, дали она шише крем за заштита од сонце кое сте го имале со години е сеуште добро за употреба?

Во летниот период, деновите се посончеви и на вашата кожа и треба поголема заштита кога излегувате надвор. Најверојатно ќе посегнете кон шишето со SPF 50 кое сте го купиле претходното лето- или беше летото пред тоа?

Рокот на траење на кремовите за заштита  дефинитивно истекува. Откако ќе истече рокот на кремот, тој ја губи моќноста и ефективноста во блокирање на УВ зраците.

Кремот чиј рок е истечен, треба да биде фрлен поради неговата загубена ефективност. Ако составот е неефективен тогаш сте изложени на поголеми ризици од горење на вашата кожа. За да ја добиете најголемата заштита што кремот ја нуди, користете го пред да му истече рокот.

Во главно, кремот би требало да трае до три години- но ако го користите како што е препорачано, сигурно би го потрошиле и пред тоа. Доколку го чувате внатре, кремот ќе биде во ред.

Компаниите ги прават производите да бидат стабилни под различни температури и влажности во воздухот. Сепак поголема температура може да доведе до разделување на кремот и расипување, па обидете се да го задржите на ладно место и подалеку од директна сончева светлина.

Докторите препорачуваат да ги менувате секоја летна сезона за поголема јачина и ефективност на кремите.

Исто така препорачано е да се користи кремот на изложена кожа секој пат кога излегувате надвор од својот дом(во текот на цела година), тоа би значело дека ќе го истрошите кремот пред да му помине рокот.

Доколку морате да користите крем чиј рок е истечен, превземете дополнителни чекори за заштита на вашата кожа.

Идеално би било да користите нов крем и да го нанесувате како што е препорачано, што значи користење на многу крем секој пат кога излегувате од дома. Но понекогаш се случува да го заборавите новиот крем или сте заборавиле да купите и се што имате е вашиот стар крем што сте го купиле пред три лета.

Дали кремот чиј рок е поминат може сеуште да го користите и дали тој е подобар од ништо? Се разбира да!

https://www.facebook.com/ApimellDrBacheff/videos/957688304410635/

Само имајте во предвид дека нема да ви ја даде целосната заштита која ја имал пред три лета, така што во овај момент би било добро да:

-седете повеќе под сенка

-носете алишта кои би ве заштитиле

-излегувајте кога сонцето не е толку јако

Секој треба да носи крем за заштита од сонце и секој може да да добие рак на кожа, без разлика на годините и полот. Затоа препорачано е да носите SPF секој ден, да го проверувате вашето тело од дамки и да го прашате вашиот лекар колку често треба да имате скрининг за рак на кожата.