НОВА МЕТОДА ЗА ВПЕЧАТЛИВИ И НЕГУВАНИ ТРЕПКИ – БОТОКС

од  |  0 коментари

Како што сите знаеме, постојат повеќе начини з ада се истакнат очите. Маскарата, која полека се заборава и жените се одлучуваат за методи кои ги прават поубави и со повпечатливи трепки. Денес се повеќе се зборува за методата БОТОКС на трепки. Густи изразени трепки со волумен кои за секунда го освежуваат вашиот изглед. Оваа метода подразбира извиткување, згуснување, нега, храна и јакнење на трепките.

Комплетно здравствено безбедно. Третман кој ја нагласува вашата природна убавина, дава ефект на волумен и нахранети влакненца со кератин. Кератинот претставува протеин кој служи како заштита на епителните ќелии, кои се оштетуваат по пат на стрес и надворешни фактори. Тој претставува главна компонента на косата а воедно и на трепките, ноктите и кожата. Овој ботокс е наменет за жени кои не се задоволни со своите природни трепки , не сакаат да носат екстензии и сакаат да ги опорават трепките од корен, како и оние што имаат спуштен капан на очите.

Третманот трае околу 1 час, потполно е безболен и пријатен за клиентите. На крајот од третманот трепките се фарбаат со боја прилагодена на вашиот тен и боја на коса. Уште една предност на оваа метода е дека не ве обврзува да доаѓате секој месец на корекција како што е случајот со надградбите и продолжетоци на трепки. Третманот е неинвазивен, па може да се прави и на екстензии , но сепак мора да поминат 48 часа за да се одморат очите од лепилото.

Важно е да се напомене дека после овој третман трепките не треба да се воденат, да се користи сауна или солариум, како и користење на маскара во првите 24 часа. После тоа, регуларно очите може да се мијат.

Како да се подготвите за третманот? Прво трепките мора да се исчистат од шминка или било каква нечистотија. Тоа е најдобро да се направи со протеински чистачи како капки кои ќе ги одмастат трепките.После тоа, треба да се покријат долните трепки за да не се зафата во процесот на виткање, тоа е најдобро да се направи со колагенски перничиња. Кога ќе ги заштитиме, на горниот капак се лепи силиконско перниче кое вашата козметичарка го бира според должината на вашите трепки и спрема саканиот ефект.

Лепилото со кое се лепи силиконското перниче на капакот е топливо во вода, па со самото тоа лесно се отстранува од кожата и нема страв од иритации.

 

Viola Beauty Centar ќе го испони вашиот сон до совршени трепки… Контактирајте го тимот и информирајте се подетално! 078 236 054