10 визии за иднина на научникот Мичио Каку

од  |  0 коментари

Американскиот научник Мичио Каку предвидел во текстот за “Njujork tajms” каков ќе биде нашиот живот во иднина. Во нековите прогнози се раководил со следни факти: тие мора да бидат во согласност со законите на физика и мора да постојат прототипи како “докажување на принципите” Naučnik Mičio Kaku

Тој разговарал со повеќе од 300 најголеми светски научници, и голем дел од нив му овозможија пристап во лабаратории во кои се измислува иднината. Врз основа на разговор со нив, Мичио Каку кажува што би можеле да очекуваме во наредните децении.

1. Компјутерите ќе нестанат

Според законот на Мур, силата на компијутерите се зголемува на секои 18 месеци. Тоа значи дека за десет години чиповите ќе коштат еден пени. Компиутери во денешен облик повеќе нема да постојат, но затоа ќе бидат застапени секаде и на секое место, неизбежни, но скриени, како што е денес струјата и водата. Ќе не следат тивко и неприметно, ќе ни исполнуваат желби секогаш и секаде.

2. “Зголемената стварност” ќе стани дел од секојдневие

Кога интернетот ќе биде достапен и во контактните леќи, поред лицето на особата со која разговараме ќе можеме и да ја видиме и неговата биографија, во случај да зборуваат на странски јазик, на располагање ќе ни биде титлован превод. Контактните леќи со пристап на интернет ќе внеси револуција во животите на актерите, политичари, хирурзи, туристи, војници, астронаути, затоа што ќе биде доволно само да трепнат со окото и на располагање ќе им бидат мапите, сценарија, говори, биографии итн.

3. “Мозок – нет” наместо интернет

Во блиската иднина со  компјутерите ќе управуваме со помош на нашите мисли, а не со глувчето. Европската унија и САД вложуваат стотини милиони долари во мапирањето на нервните путањи во мозокот. Овој голем научен проект би можел да ги олесни маките на ментално заболени луѓе и да овозможи на парализирани луѓе да со помош на мислите управуваат со компиутер, со инвалидската количка и механичките екстремитети, но и да се служат со домашните апарати и да играат видео игри.
Со посредство на телепатија ( контакт со мисли ) и со телекинеза ( движење на предмети со посредство на волја ) ќе можеме да  правиме аплоуд со чувствата, сеќавањата, направиме мозок – нет и да правиме белешки на мислите и сонот.Кога ќе можеме да ставаме мисли на интернет, невработени луѓе еден ден ќе можат да се преквалификуваат и ќе можат да научат нови вештини а студентите ќе пратат предавања и кога спијат.

4. Капитализам ќе биде усовршен

Факт дека секој ќе знае за некој производ, услуга и купувач ќе придонеси за развој на совршен капитализам. Сите точно ќе знаеме каде постои понуда, а каде побарувачка, па пазарот ќе биде мошне ефикасен.
Во тек е дигитализација на индустриски претпријатија. Тренутно се дигитализираат медиите, а во наредните децении ќе биде дигитализирано и образованието, медицина и саобраќајот.

5. Роботите ќе станат составен дел од животот

Вештачката интелигенција полека го освојува секојдневието. Роботи доктори и роботи адвокати наскоро ќе во секој момент со разбирлив јазик ќе даваат  корисни совети кои можат брзо да се применат.
Автомобили без шофер со ГПС управување ќе крстарат по улиците, а сообраќајните несреќи и гужва во сообраќајот ќе бидат застарени изрази. Индустрија за роботи би можела да стане поразвиена од денешната индустрија на автомобили. Во условите кога општеството станува се постаро, Јапонија која произведува 30 проценти светски роботи, веќе прави роботи болничарки. Механички чистачки, готвачи, музичари и помошнички ќе станат составен дел од опремата во нашите домови.

6. Истрошените делови од телото ќе можат да се заменат

Заболени и стари делови на телото ќе можат да се заменат, баш како и деловите на автомобилот денес. Научниците веќе одгледуваат кожа, рскавица, носевите, крвните садови од човечките клетки. Во иднина, ќе развиваат сложени органи, како што е џигерот и бубрези. Зборовите “откажување на органите” ќе бидат исфрлени од употреба.

7. Родителите ќе ги дизајнират нивните идни деца

За неколку децении родителите ќе можат да ги изберат генетски карактеристики на нивните деца. За помалку од 100 долари, ќе можиме да ги регистрираме нашите гени.  Оштетени и нефункционални гени во нашиот геном ќе можат да се излекуваат со помош на терапија со гени. Научниците веќе имаат изолирани гени на “ паметниот глушец” и “силен  глушец” од кои можат да се направат глувци со големо помнење и сила, а еквиваленти на тие гени постојат и кај луѓето.

8. Сајбер медицина ќе го продолжи животот

Процесот на стареење би можел да се забави. Денес знаеме да стареењето настанува како последица на грешките на нивото на гените и клетките. Доколку се обидеме да ги елиминираме погрешните спојувања во механизмите кои обично се одигрува во клетките, нашиот животен век би можел да се продолжи. ДНК чипови поставени во WC школка или на огледалото во купатилото би можеле да ги препознаат сомнителните траги на протеини или колонија на бактерии одговорни за ширењето на рак многу години пред настанување на туморот. Минијатурни сензори кои постојано и неприметно анализираат телесните течности ќе допринесат да зборот “тумор” нестани од нашиот речник. Нанотехнологија ќе овозможи целното уништување клетките на рак, благодарение на што хемотераија би еден ден би била непотребна.

9. Диктаторите ќе станат големи губитници

Дигиталната револуција дава моќ на обесправените, посебно на луѓето кои живо под власта на диктаторите. Интернет овозможува на луѓето да разберат дека не мораат да живеат како робови. Диктаторите кои се плашат од интернет и нивните луѓе ќе станат големи губитници.

10. Интелектуални капитализам наместо стоковен капитализам

Се наоѓаме во историската фаза кои преминува од стоковен капитализам, базиран на стока, на интелектуален капитализам, базиран на знаење. Така на пример, цената на храна во однос на приходите константно опаѓа во последните 150 години. Пред многу векови Англискиот крал најверојатно не можел себеси да си овозможи вечера каква Вие имавте сношти. Земјите кои инвестираат исклучиво во стопанството несомнено ќе се соочат со слабеење на економијата. Земјите кои користат стоковен капитализам како одскочна даска кон патот до диверзификувана економија базирана на стоковно – интелектуален капитализам најверојатно ќе се збогатат.