Атрауматско чистење на лице

од  |  0 коментари

Овој третман е најсофистициран начин за чистење на кожата на лицето. Во светот е популарен во последните 2 години , особено во Русија , овој третман се здоби со огромна популарност и речиси комплетно го замени класичниот – конвенционален начин на чистење на кожата со пареа и механичка екстракција на нечитотиите и вишокот себум од кожата.

Ваквиот тип на третман го нуди исклучиво Израелската компанија – Holyland Labs од 1984 год. !

Тратманот е комплетно безболен , уникатен и незаменлив со ниту еден друг третман за чистење на кожата!

По третманот кожата е чиста, свежа, просветлена и сјајна , без апсолутно никакви знаци на црвенило !!!

Овој третман го работи исклучиво козметолог или козметичар кој поседува Сертификат за работа од  Holyland Laboratories, кој се добива по завршен тренинг во некоја од клиниките т.е. едукативни центри на Holyland Labs.

За сите типови кожа, со посебна линија и нега за трудници ! Се состои од 11 чекори и трае 2 часа. Ниту едне од овие чекори несмее да се пропушти или редоследно да се замени.

  1. Чистење Се користи специјален сапун кој ги одстранува мастите од површината на кожата. Има анти иритантно, антисептично, локално антисептично дејство
  2. Загревање – без употреба на пареа
  3. Ексфолијација – механички пилинг кој ги одстранува мртвите клетки на кожата
  4. Отварање на порите и припрема на кожата за наредните фази на чистење
  5. Длабинско чистење – со специјален производ кој длабински ги прочистува порите
  6. Липолитик – Кој ја омекнува кожата и ги одстранува комедоните
  7. Ферментативен пилинг со Лакто Бактерии ( Бактерии кои се користат во кулурата на на сирење или јогурт) – Интензивна прихрана и регенерација на кожата , ја влажни кожата.
  8. Алое Гел – ја смирува и негува кожата
  9. Затварање на порите со специјалана маска
  10. Тонизација
  11. Завршна крема и масажа

Третманот особено се препорачува кај оние кои имаат црвенило на кожата, капилари, осетлива кожа, бидејќи се смета за единствен третман од избор за чистење на кожата во овие случаи.

Третманот се препорачува  1 / месечно.

Повеќе информации за услугите на Derma Bella добијте на следниот ЛИНК