Чистење на лице од митесери, за здрав изглед и сјај на кожата

од  |  0 коментари

Чистењето на лице од митесерите е процес кој се прави во козметичките салони. Оваа постапка подразбира пилинг (отстранување на изумрените ќелии), парење, односно греење на кожата со цел порите да се отворат. Потоа, козметичарот ги истискува митесерите, рачно или со апарат.

facial-treatment1

После оваа постапка се става маска за смирување и затворање на порите . Во зависност од типот на кожата, пожелно е лицето да се чисти и негува во период од еден до два месеци. Кожата која има зголемено лачење на себум ( масна кожа) бара чистење еднаш месечно. Доколку кожата е сува и зрела се препорачува да се чисти на два месеци.

Во Viola Beauty Centar-от во Битола, овој третман го завршуваме со масажа на лице и деколте кои го подобруваат тонусот на кожата. Освен што е корисна за добрата циркулација, таа претставува и вистинско задоволство.

viola-logo