Дали чувствата на другите ги ставате пред своите?

од  |  0 коментари

 Дали чувствата на другите секогаш ги ставате пред своите?
Доколку вашиот одговор е потврден, можно е да сте паднале во тн. ‘’замка на емпатија’’ …

Нормално но и непходно е да се вклучиме во чувствата на другите личности, особено кога се работи за наши блиски личности. Емпатијата е една од карактеристиките на емоционално интелигентните личности.  Затоа,  давањето и примањето на емпатија е од голема важност во интимните возрасни врски. Емпатиско разбирање на чувствата на другите луѓе е основна способност на човекот покрај неговите сетила, вид, слух, допир, вкус и мирис. Желбата да бидеме сослушани и длабоко сватени никогаш не исчезнува. Меѓутоа кога емпатијата станува работа која се подразбира во некој однос, психолошката  благосостојба  станува загрозена и осиромашена.

different color hands

Која е разликата помеѓу сочувствување со некој и емпатија?

Сочувствувањето со некој претставува чувство на жал спрема некој (Многу ми е жал што си несреќен) додека пак емпатијата преставува делење на чувствата со некого (Го чувствувам твоето разочарување).

Освен чувства,  во емпатијата вклучени се и мисли што всушност и доведува до спојување на двете личности. За да успееме да ‘’влеземе во чевлите на другиот’’ потребно е да воспоставиме рамнотежа помеѓу емоциите и мислите како и измеѓу себе и другите. Умешноста и способноста за емпатија опфаќа обраќање на внимание на потребите на другиот но без жртвување на сопствените.  Лицата кон кои е упатена емпатијата се длабоко благодарни за споделување на ваквите емоции со нив. Препознавањето и делењето на емоционалните состојби со другите личности е сложен внатрешен процес и доживување. Тој се заоснова врз нашата свесност односно врз способноста да ги разликуваме своите чувства од чувствата на другите личности врз основа на способноста да завземеме нова перспектива и нов агол на гледање и препознавање на емоциите на другите но и нашите и пред се да знаеме како да ги контролираме.

Лицата кои чувствуваат голема емпатија може да ја изгубат способноста да знаат што сакаат и што им е потребно. Кај нив се смалува способноста за донесување на одлуки кои се во нивен најголем интерес, чувствуваат психичка и физичка исцрпеност како резултат на занемарување на сопствените чувства и ги трошат сите свои внатрешни ресусрси за да им ги дадат на своите најдраги личности во животот. Бескрајната емпатија може да доведе до ранливост во која другата личност ја  одрекува нашата реалност и инсистира на својата. На пример го искажувате своето незадоволство и разочарување на пријтелот затоа што не ве повикал на неколкуте последни забави кај него и тој ви одговара: ‘’О, па ти премногу си осетлива/осетлив ‘’.
Лицата кои постојано ги занемаруваат сопствените чувства на сметка на туѓите, можат да манифестираат чувство на анксиозност или одреден степен на депресивност.

Што може да не направи заробени во емпатија – и како тоа можеме да го избегнеме?
Кои се корените на емпатијата?

Бебето доаѓа на светот спремно да биде емпатично. Новороденчето плаче како одгоор на несреќата на другите. Децата се разликуваат по степенот на емпатичност. Прогестеронот ја зголемува емпатијата, а тестостеронот не. Меѓутоа во детсвото сепак не постои јасна разлика и емпатија помеѓу половите.  Колку и да е способноста за емпатија врежана во нашиот нервен систем, таа исто така и учи, пред се од топлите родители полни со љубов кои ги рефлектираат своите чувства врз детето. Скоро сите родители го паметат моментот кога нивното дете им ја понудило својата омилена играчка во моментите кога тие чувствувале тага. По втората –третата година од животот родителите повеќе ги ценат когнитивното и однесувањто усмеено кон постигнувањата на своите деца при што доаѓа до опаѓање на емпатичното однесување. Подоцна родителите можат одново да ја охрабрат емпатијата кога потребно е да помогнат во обликувањето на однесувањето на дететот но и да ја негуваат сопствената емпатија.

e

Дел од човековото искуство е во некој момент да ги стави своите чувства зад чувствата на  другите, но не и секогаш. Во успешните возрасни врски, количината на емпатија е реципрочна, партнерите делат моќ и даваат и примаат. Кога едниот партнер повеќе се вложува во врската започнува да се појавува чувство на огорченост.
За време на социјализацијата на половите може да дојде до нерамнотежа во емпатијата. Мажите кои се охрабрувани да се борат можат да станат претерано доминантни и обратно, да се повлечат пред посилните емоции на другите не знаејќи како да реагираат. Голем број на жени се воспитани да размислуваат дека емпатијата сама по себе е секогаш складна и таа станала нивен вообичаен начин на реагирање. Големото вниемание кое го пружаат емпатичните луѓе впрочем може и да укажува на тоа дека тие всушност ги занемаруваат сопствените чувства. Во ситуации на нееднаква поделеност на моќта кај партнерите, може да дојде до појава на дисбаланс во примањето и пружањето на емпатијата.

Тоа наликува донекаде и на Стокхломскиот синдром каде затвореникот започнува да покажува лојалност и емпатија кон заробеникот. По спасувањето затворениците иако ослободени започнуваат да ги разбираат целите на аробениците и понекогаш дури и посакуваат да останат во контакт со нив со цел да продолжат да им служат. Злоупотребуваните жени и деца често формираат слични врски со лицето кое ги малтретирало (таткото, сопругот, партнерот..)

За жал во врските каде се забележува нееднаквост, лицата кои се наоѓаат на пониска позиција често им служат на лицата кои се супериорни. Се однесуваат така што остануваат во врската по цена на тоа да ги изгубат своите права.

Од замка до рамнотежа
Дали сметате дека сте во ризик да се заробите себе си во сопствената емпатија?
Доколку вашиот одговор е да на било кое од следните прашања потребно е подлабоко да размислите и да започнете да ги менувате работите кои довеле до тоа.

  • Дали поголемо време трошите за размислување околу чувствата на својот партнер отколку на своите ?
  • Дали се концентрирате за време на разговор што она другата личност го кажува занемарувајќи го она што вие имате да го кажете ?
  • Дали често се соживувате во емоциите на некој кој го сакате кога тој се чувствува депресивно или пати , толку што неговите чувства стануваат и ваши ?
  • По завршувањето на разговорот, дали се преокупирате себе си со тоа што другата личност мислела?

Дали поминувате повеќе време размислувајќи зошто некој ве изневерил наместо да одлучувате и размислувате дали незините/неговите причини се посилни од вашите чувства?

Hand on shoulder, close-up

Справувањето со емпатијата подразбира и вклучување на емоционалната интелегенција односно самосвесноста. Потребно е секогаш да сте спремни за истражување и согледување на сопствените потреби. Доколку не сте навикнале да размислувате за своите потреби, можно е и да не сте ни потполно ни свесни кои се и тие потреби. Кога и да е вашата емпатија зголемена, гледајте ја како сигнал за обрнување на внимание на сопствените чувства. Застанете за момент и запрашајте се: Што сега чувствувам? Што ми е потребно?
Во моментот кога ќе знаете што ви е потребно, можете да донесете свесна одлука за тоа колку можете да и пружите на другата личност а колку себе си. Тоа допринесува до развивање на врската со личноста но и водење на грижа на нивните чувства.

За контролирање на сопствените чувства и потреби потребна е вештината на самоконтрола. Кога ќе ззапочнете да чувствувате дека чувствата на другите ви предизвикуваат негативни емоции тогаш време е да се дистанцирате или изолирате доколку тоа е потребно.

За да го олесните контролирањето на помешаните емоции кои ви предизвикуваат наплив на емпатија потребно е да го промените својот начин на комуникација.
Да земеме да пример: вашиот партнер си доаѓа дома изнервиран од работа.Се чувствувате премногу уморни за да го слушате како вика или пак да му помогнете да се чувствува добро. Јасно можете да му кажете дека не можете да ги задоволите неговите очекувања во моментот: ‘’Знаеш навистина би сакала да разговарам со тебе околу ова но не вечерва. Потполно сум исцрпена, дали би било во ред да разговараме утре?’’.

Еден од начините да чувствувате сигурна грижа околу некој е да се грижите за неговите но не и да ги занемарите и сопствените чувства. Кога некој ваш близок е тажен , наместо вие да го прифаќате тоа чувство врз себе можете да размислите и да му се обратите со поинаков начин како на пример: ‘’Тоа звучи страшно, дали посотои начин на кој некако би можел да ти помогнам?’’. Емоционалната интелегенција секогаш подразбира дека треба да бидете емпатични и спрема себе си. А тоа парадокасално означува дека можете да бидете уште поприсуни за своите сакани.