Дали живеете свесно или сте на ‘’авто-пилот’’?

од  |  0 коментари

Поголемиот дел од луѓето живеат потполно несвесно како да се на ”авто-пилот”.
Што значи да се живее на ваков начин?

Тоа значи да се биде битие посветено на навиките. Секој наш ден се состои од повторување на поголем дел на потполно автоматизирани навики и однесувања. Најголем дел од денот околу 95% од нештата кои ги работиме, мислиме или чувствуваме се навики, обрасци на кои сме се навикнале, сме ги извежбале во минатото и сега автоматски ги репродуцираме.

Секој ден потполно и автоматски одиме, ги миеме забите и лицето наутро, се храниме по одредени шаблони, говориме на одреден начин итн. Ова во секој случај е корисно затоа што доколку би требало да размислуваме за се што правиме не би биле во можност да направиме ништо и не би можеле да донесуваме одлуки на време.  Од друга страна во ваквиот начин на однесување се појавува проблем со тоа што многу навики кои сме ги усвоиле може да се штетни.
На пр: јадеме премногу брза храна, јадеме шеќер во поголеми количини, не се движиме доволно, не сме активни, имаме премногу стравови поради кои многу често се одрекуваме од своите планови итн. Навиките не се однесуваат само на исхраната и секојдневните навики, тие се однесуваат и на начините на кои се однесуваме спрема себе и другите.

Запрашајте се дали доволно се сакате себе

Дали водите грижа за тоа како живеете, како се однесувате, што јадите, со кого го поминувате своето слободно време, какви личности привлекувате во својот живот и слично?
Дали сте ‘’господари’’ на сопствениот живот?
Дали донесувате свесни одлуки и избори или живеете по навика, по автоматизирани минати обрасци?

Што мислите што познатите изреки: ‘’Какви што ти се мислите, таков ти е и животот? ’’, ‘’Како се однесуваш спрема себе и спрема другите, таков ти е и животот’’ , сакаат да ни покажат?
Често начинот на кој се однесуваме спрема другите и спрема себе е голем знак за тоа дали се сакаме и почитуваме/или не себе си. Луѓето често мислат и кажуваат многу нешта, но единствениот вистински показател за она што вистински го мислат за себе или другите се одразува во она што го прават. Однесувањето на една личност многу нешта кажува за таа личност.

Многумина кажуваат како се сакаат и почитуваат себе- но во пракса тоа често изостанува. Само-љубовта најмногу се гледа по постапките, стилот на живот, здравјето, врските и односите со другите кои ги има личноста.  Да се водиме во животот без свест значи да живееме по некоја инерција, пасивно, без да го планираме својот живот, без да имаме јасни цели, без да водиме грижа за себе и за сопствениот личен развој. Штетните навики често водат и кон појава на здравствени проблеми како физички така и психички затоа што телото и психата се неразделна целина.

Зошто некои луѓе живеат несвесно?

Затоа што не се доволно свесни и не знаат како да се сакаат себе. Секој може да научи да го прави тоа, затоа што е лесно. Да се сакате и почитувате себе не е грев, не е ни себичност, туку основа за здрав и исполнет живот, основа да се биде добар спрема себе и спрема другите. Кој не е добар спрема себе не е во состојба на другите да им пружи доволно љубов, посветеност и внимание,  затоа што ни самиот не знае како да го пружи тоа.

Личноста која се сака себе живее свесно (а тоа значи):

  1. Свесно донесува одлуки кои не мораат да бидат задолжително во склад со стекнатите и вкоренети навики.
  2. Поставува јасни и реалистични цели
  3. Го планира, организира и менува својот живот.
  4. Се прилагодува на промените (не е ригидна)
  5. Води сметка како живее (се храни здраво и умерено)
  6. Физички е активна
  7. Се прифаќа себе, не се критикува ниту пак омаловажува себе, но го преиспитува и менува своето однесување и навики кога тоа е потребно
  8. Има активен стил на живот, ги решева проблемите и не ги избегнува
  9. Презема потполна одговорност за своите постапки, одлуки и емоционални реакции
  10. Не нанесува штета на себе и на другите

Основен предуслов за еден човек да живее свесно и квалитетно е да научи да се сака самиот себе. Тоа не е тешко , но за едно лице да научи како да се сака потребен му е модел. Поголемиот дел од навиките кои ги имаме настаналее поаади влијанието на одредени модели на однесување (на нашите родители, врсници, пријателите итн). Модел може да биде и психологот.
Учењето да се сака себе си е процес во кој се менуваат ставовите за себе, човекот учи како безусловно да се прифати себе и да ги промени штетните навики.

Извор: Mojpsiholog