House of cards – Серија која што не смеете да ја пропуштете

од  |  0 коментари

Во ера на процедурални крими-акции и на сомнителни копии на сериите самата тематика на разнишување на американската политика кула од карти а воедно вклучувајќи ја и отсечноста во дијалозите и изборот на теми обработени во епизодите од House of Cards прават серија која знае како да ја гради тензијата, да го задржи вниманието, да забавува. Таа, во истиот момент, поседува и карактеристика што прави гледачите да се чувствуваат непријатно само затоа што и за една секунда посакале да ги носат оделото, машната и чевлите на Френк Андервуд. Луѓето што имаат желба да направат или веќе отпочнале политичка кариера или тие што живеаат за да ги релативизираат потезите на нивните омилени избраници, нема да се најдат во небрано од ваквата етички дискутабилна помисла. Тие и отворено ќе се воодушевуваат. Ние останатите, пак, кои – веројатно наивно – сè уште веруваме дека водењето на државата и на животите на луѓето мора да биде чесно, ќе се згрозиме од таквото искористување туѓи судбини за лична корист. Ова идентификување или со лицето или со опачината на политичката активност е можно само поради храброста на сценаристите да напишат прониклив текст, наместо да начкртаат бездна и везден да ја полнат со шупливи, евтини идеи.

house_of_cards02

Во макијавелистичката приказна за преземање позиции и за одмерување сили и моќ, двократниот оскаровец Кевин Спејси го игра Френк Андервуд, а Робин Рајт – неговата сопруга Клер. Тие се брачна двојка која е премачкан со сите бои, а сите одлуки и постапки ги оправдуваат со дејствување за општо добро. Кевин Спејси и Робин Рајт се брилијантни во нивните улоги и не можеме да престанеме да ги гледаме колку и да ни се гади од ставовите на нивните ликови.

images (2)

Френк Андервуд на Кевин Спејси е, едноставно, неодолив. Во неколку мига во серијата се чини дека е втеран в ќош и дека веќе нема потези, но веќе во следната сцена ќе видиме дека тој, всушност, бил десет чекори пред сите соперници, кои немилосрдно ги елиминира на патот кон апсолутната моќ. Патот на Френк Андервуд почнуваме да го следиме кога е на местото координатор на пратеничката група на мнозинството во Претставничкиот дом на САД. Иако таа е една од најважните позиции во политичкиот живот во САД, неговите амбиции се многу, многу поголеми.

images (1)

Робин Рајт, во улога на пресметливата сопруга Клер, за стекнување уште повеќе моќ и углед безрезервно ќе ја користи нејзината хуманитарна организација, на чие чело е токму таа, ќе го уништи нејзиниот љубовник за да ја заштити кариерата на сопругот и ќе се спријатели со првата дама за да влијае на одлуките на американскиот претседател…

https://www.youtube.com/watch?v=sU9QTLXYCCc