Храна за нокти – совети за негувани раце

од  |  0 коментари

За да ноктите Ви бидат здрави и убави, зголемете го внесувањето на калциум и со исхрана земајте доволно протеини и минерали кои учествуваат во изградбата на ноктите: сумпор, железо, цинк, есенцијалните масни киселини и витамини ( Д, А и Е ) имајте на ум, ноктите се огледало за состојбата во организмот. Доколку имате некои од следните симптоми, би било пожелно да ја смените исхраната:

  • Недостиг на витамин А и калциум – се манифестира со суви и кршливи нокти. Ноктите кои се свиткуваат кон долу се знак за недостиг на протеини, фолна киселина и витамин Ц.
  • Вертикалните линии на ноктите укажуваат на слаба пробава и апсорпција на минерали или протеини или недостиг на витамин Б12 и железо.
  • Недостиг на витамин Б12 може да предизвика до многу суви, заоблени рабови на ноктите или потемни бои.
  • Бели точки на ноктите укажуваат на недостиг на калциум и цинк.
  • Темно црвена боја е показател на бавниот метаболизам поради тешка, солена и мрсна храна.
  • Жолтеникави нокти укажуваат на неправилна работа на џигерот.
  • Сини нокти можат да бидат последица на неправилната работа на белите дробови и срце.
  • Анемија, слаба циркулација и слаб енергетски ниво во џигерот и бубрезите може да се манифестира со бледи нокти.