Како ги контролирате своите емоции?

од  |  0 коментари

Сите ние сакаме да имаме контрола врз своите емоции, особено врз  оние кои се непријатни. Но, она што повеќето луѓе сметаат дека е контрола врз емоциите не е всушност контрола, повеќе би можело да се нарече отпор или  внатрешната борба со емоциите.
Кога се појавуваат непријатни чувства,  поголем дел од луѓето се борат против нив, се обидуваат да ги оддалечат, потиснат во себе, да им обрнат внимание/ да ги избегнат. Често анализата на чувствата поттикнува и  анализа на самите себе, често се случува да навлеземе во  сопствената имагинација што доведува и до појава на низа други негативни чувства.
Сите овие начини на справување со емоциите не доведуваат до вистинска контрола туку  насочени  се повеќе кон креирање на внатрешна борба и отпор кои  доведуваат до состојба на конфликт со себе си. Оваа внатрешна борба доведува до непријатни внатрешна напнатост, анксиозност и ги зголемува непријатните чувства.


Како вистински би можеле  да ги контролираме  своите емоции?

Ние не може да се ги истиснеме емоциите од нашите животи, ние не можеме  да живееме  живот без никакви чувства, бидејќи чувствата се дел од човечката природа. Но, тоа не значи дека ние треба да живееме во драма, односно постојано да бидеме емоционално реактивни и често да доживуваме силни чувства. Ние можеме да се научиме како да се справиме со тие чувства, така што тие ќе бидат еден вид на ‘’зачин’’ на нашиот  животот, но не и наш господар.

Чувствата се појавуваат спонтано и автоматски, односно несвесно. Ова значи дека ние не можеме да ја  спречиме нивната појава. Но, кога одредени емоции се појавуваат и станеме свесни за нив можеме да реагираме на одредени начини кои ќе допринесат да имаме контрола врз нив.

На кој начин би можеле да го оствариме тоа?
Д-р Vladimir Mišić предлага 4 принципи за контролирање на емоциите:

1.Оддалечување, не идентификација, ‘’чувство дека тоа не сум ЈАС ’’

Првиот принцип значи дека кога ќе се појави некоја силна, негативна емоција  потребно е да ја задржиме  својата свесност дека станува збор само за чувство, а не реалност, дека ова чувство не е карактеристика на личниот идентитет, на сопственото ЈАС. Кога ќе се појават интензивни негативни (но и  позитивни чувства), луѓето автоматски го пренасочуваат своето внимание на нив и ова може да доведе до тоа лицета да почувствува дека  станува збор за автентично искуство кое е  дел од реалноста. Тоа чувство е резултат на тесното внимание. Вниманието  е ограничен ресурс и кога се фокусира на одредено доживување или идеа тоа  станува автентично и моќно чувство кое навидум  се изедначува со реалноста. Еден добар пример за ова е гледањето на некој филм во кино. Кога гледаме некој интересен филм, можеме да се задлабочиме во неговата тематика затоа што нашето внимание комплетно се насочило кон филмот во тој  даден момент и да ги почувствуваме одредените моменти од филмот како дел од сопствената реалност.
Може да се доживеат емоции и да се има чувство  како тоа да го  гледате и во сопствената   реалноста.

Зошто се случува ова?
Тоа е така затоа што вниманието е стеснето и целосно фокусирано на филмот и затоа се намалува способноста за критично мислење врз основа на кое би можело  да се направи критичка дистанца од она што се доживува и од она што се гледа. Меѓутоа, доколку во текот на филмот се потсетите себе дека ова е само филм, ќе се создаде оддалеченост и целата “магија” ќе исчезне.
Истото од примерот со филмот може да се адаптира и кога се чувствуваат интензивна непријатни чувства. Секој од нас може да се потсети себе си дека станува збор  само за  чувство, а не реалност.
‘’Јас имам тоа чувство, но Јас не сум тоа чувство, бидејќи тоа чувство е само научeна реакција, тоа чувство не зборува  ништо за мене како личност и  за тоа кој сум Јас.’’

Запомнете, Вие не сте некоe од вашите чувства, без разлика какво и да е тоа  чувство. Чувствата се само научени (обично детинести) автоматизирани реакции на одредени значења кои вие им ги придавате на случувањата во и надвор од вас.

2.Нереални барања, желби и очекувања

Чувствата  може да бидат последици на вашите нереални барања кон себе, кон светот и кон другите.  Доколку некоја емоција продолжува да трае и не поминува, потребно е да се запрашате што е тоа што Ви е потребно од себе/од другите/од светот? Запрашајте се дали е тоа ралноста и дали тоа ви е потребно да го имате /или да го постигнете. Кога ќе сфатите дека тоа не е потребно или не е дури и реалистично,  пробајте да се откажете од оваа желба и ќе забележите дека непријатните интензивни чувства ќе исчезнат

3. Заборавање на отпорот, прифаќање, предавање…
Третиот принцип има исто толку голема важност  како и првиот.
Кога се појавува било какво чувство не треба да му се дава било каков отпор, ниту ментален, ниту пак физички, доколку сакате да имате контрола над чувствата. Спротивставувањето на тоа чувство ќе предизвика  внатрешен конфликт, што ќе резултира со внатрешните тензии (анксиозност) и непријатно чувство  кое би можело да трае значително подолго отколку што би траело  без отпор. Доколку било кое чувство трае подолго од 90 секунди тоа значи дека му се дава отпор, колку подолго трае толку повеќе се занимаваме во себе со чувството и мислите кои се јавуваат како дел од тоа чувство.

Отпорот кон емоциите може да биде физички и психички. Психичкиот отпор значи дека во себе ги анализираме тие чувства, а телесното спротивставување значи дека го стегаме своето тело и/или го ограничуваме своето дишење со што со тоа би го намалиле самото чувство во телото, дишеме плитко и се чувствуваме анксиозно и напнато како резултат на овој отпор.
Како да се ослободите од отпорот?
Од менталниот отпор најдобро може да се ослободите кога чувството поминува доколку сметате дека анализата на истото би била значајна за вас. На телесно ниво, обидете се да препознаете во кој дел од телото најмногу се чувствувате напнати и самоволно обидете се да се опуштите, да дишете полека и длабоко и да се препуштите на своите чувства со цел да започнете да го толерирате тоа што го чувствувате.Ниедно чувство само по себе не може да биде толку непријатно како што е непријател и болен отпорот кон тоа чувство, а не и самото чувство

4.Не соживувајте се со своите чувства

Поголемиот дел од луѓето имаат тенденција речиси автоматски да бидат вклучени во мислите и имагинацијата, кои се составен дел од некое чувство. Под  соживување подразбираме занимавање со овие мисли и фантазии, со замисли од типот ‘’ што ќе беше- ако беше’’, итн . Со ова само настанува поголемо продлабочување и потврда на важноста на овие емоции. Ниту една научена реакција како обрнувањето на внимание во случајот не може да постои доколку самите не ја поткрепувате и и давате важност со текот на времето. Чувствата се научени автоматски реакции кои се повторуваат и доколку се поткрепуваат им им се дава на значење, со текот на времето стануваат автоматизирани. Доколку сакате да не влијаат врз вашата емоционална и физичка состојба престанете да им давате важност.

Вниманието вреди да се  инвестира само во она што го сметаме за важно зарем не?
Применете го овој принцип врз вашите чувства кога со истите сакате да се справите и да ги надминете одредените состојби предизвикани од обрнување на внимание и анализа на емоциите. Потсетете се дека вие не сте тоа доживување, тие мисли и имагинацијата не се дел од вашата личност, вашиот идентитет, тие се само одраз на тоа чувство како дел од научената реакција.

Многу е важно да ги применувате сите 4 принципи во процесот на справување со емоциите затоа што секој поединечен принцип е  важен. Бидете истрајни и упорни, тоа ќе допринесе до постигнување на резултати.