Кој се трите најчести машки лаги за раскинување?

од  |  0 коментари

Покрај тоа што избегнуваат да разговараат за своите врски, мажите уште повеќе избегнуваат да разговараат со било кого за причините поради кои што ја раскинале врската.

Изговорите се разни, па често можете да слушнете: дека не сакале да ја повредат својата бивша партнерка, па како не сакале драма итн итн…

how-to-break-up-with-someone1255474859-may-18-2012-600x431

Едно Британско истражување кое вклучило слободни мажи над 35 години ги открива најчестите изговори за прекинување на врската,а кои се потполна лага!

  1. Не сум спремен за врска-Ова е легитимен изговор само доколку сте заедно неколку денови и сте согледале дека вашата партнерка има сериозни планови. Но после поминати неколку месеци заедно доколку вашиот партнер ја изговори оваа реченица, бидете сигурни дека тоа е лажен изговор. Мажите на овој начин само ја потврдуваат својата неозбилност и неспремност за врска. Изговорот за неспремност за врска 44% од мажите го искористиле најбезболна (за себе) опција за прекинување на врската.
  1. Заслужуваш подобар-Најчесто користена причина за излегување од врска со чист образ! Мажите се спремни да себе си, се стават во позиција на жртва, па како причина ја наведуваат токму оваа. Така што на овој начин ќе им соопштат на својата партнерка дека неможат да им го пружат се она што таа навистина го заслужува.Ваков начин на раскинување на врската избираат 32% од мажите.
  1. Проблемот е во мене, ти си совршена- Мажите имаат посебна способност од врската излезат ,,мазно” така што ќе се извлечат на начин што играат на картата ,,превземање на вината”Во цела оваа ,,каша” пред се обидуваат да ги скријат чувствата и да обезбедат  сопствената сигурност, така што на партнерката ќе им кажат дека не сакаат да ја повредат, а лажниот изговор од типот на: ,,Ти си супер, а јас сум тој што  не те заслужува” го употребиле дури 24% од мажите за да стават крај на својата врска.