Креирајте Новогодишни декорации со вашите деца

од  |  0 коментари

Оваа година декорирајте со вашите деца и за вашите деца.Поттикнете ги да бидат креативни и логички да размислуваат, а воедно и да уживаат додека декорирарате заедно во вашиот дом за претстојните Новогодишни и Божиќни празници.Еве неколку интересни и креативни идеи за декорирање за вашиот дом со кои сигурно ќе ги израдувате вашите деца.

1. Направете лижавчиња во форма на Елен од 2 исти парчиња зелен картон, лижавче и лепило и обележете ги со фломастер

elen

2. Направете шеќерни елкички од  гумени бомбони направени со употреба на стиропор, гумени бомони, чечкалици за заби и подлога од чаша

DSC_0025

3. Орнаменти од дршки од сладоледи, со малку боја, самолеплива трака и голема имагинација

327144360401734659_Hijj13PW_c

 

4. Снежна топка  направена од  празна тегла, светки, пластична играчка-елка , вода, изронат стиропор  и украсна трака

il_570xN.398203345_f3nm

5. Елка од картон од потрошена тоалетна хартија, декорирана со малку боја, бисери и лампиони.

toilet-paper-roll-craft-ideas1

 

6. Рудолф од  неупотребливи вазни за цвеќе или саксии со самолеплива хартија, памук и чоколадца и бомбони

e8acba1637a71358ab9dfe20119ad9e4 7. Дедо Мраз -лампион направен од обоена шишарка

85887

8. Лампион од тесто во кое се наоѓа малата рака на вашето детенце , исушен на собна температура и обележан со фломастертесто