Шопинг терапија која го подобрува расположението

од  |  0 коментари

Ново истражување покажало како терапијата со шипонг не е празна и површна работа, туку ефикасен начин за минимизирање на тага. Одење на шопинг дури и дава чуство на контрола над нештата кои не опкружуваат.

Терапијата шопинг им помага на луѓето да го поминат чуството на меланхолија. Спроведени биле три експерименти кои имале за цел да истражат дали шопингот на луѓето им ја враќа контролата во моментот кога се борат со чуството на тага.

Научниците откриле како пазарувањето е дури и 40 пати поефикасно и го враќа чуството на сила и контрола. Што значи луѓето кои си купуваат по нешто за себе се три пати посреќни од оние кои ги гледаат излозите на продавниците.

Претходни истражувања покажале дека купувачите  уживаат и позитивно се чуствуваат кога размислуваат за нешта кои за себе би ги купиле, но само кога тој шопинг е мотивиран од желбата да се поправи расположението. Истражувањето покажало дека испитаниците во повеќето случаеви поретко се чуствуваат тажни додека купуваат.

“Истражувањето покажува како шопингот помага да ја вратите личната контрола на чуства и на сопственото опкружување и ја намалува тагата. Ваквата терапија која е мотивирана заради лоши чуства често се смета за неефикасна, неделотворна и темна страна на однесувањето на потрошувачите, но ние само докажавме како таа терапија претерано се гледа во темно светло и дека шопингот и тоа како може да биде ефикасен и да ја намали тагата”,изјавиле авторите на истражувањето.