Што треба да знаете при изборот на парфемот?

од  |  0 коментари

“Жена која не употребува парфем нема иднина”, е славната изјава на фамозната Коко Шанел, која останала актуелна толку децении. Меѓутоа како да се избере оној вистински во толку голем избор на пазарот?

Овие пет работи е добро да се знае како би конечно знаеле да изберете совршен парфем за секоја прилика:

1. Еден од најважните совети гласи: никогаш не го купувајте мирисот дури не го испробате, а голем број на парфимерии би требало да имаат тестери за испробување, па затоа тоа не би требало да биде проблем. Носете го неколку дена, единствено така ќе го спасите богатството ако мирисот не Ви одговара “по сите барања”.

2. Се што има “секси” призвук во описот треба да сочувате за вечерно излегување. Впрочем, таквите мириси секогаш можете да носите во шишенца во мали дози, во торбата. Лесно ќе се префрлите од деловен на “релаксирачки” мирис.

3.  Мирисите се губат во текот на денот, а Вие сакате да Ви трае цела ноќ. Затоа, не играјте само на една карта – со омилениот парфем, имајте и подготвен дезодоранс за тело со слична нота кои клавате пред парфемот. Поред тоа, на зглобовите на рацете можете да ставате неколку капки етерично масло.

4. Оние кои сакаат слатки цветни мириси нека бараат парфеми со траги од ванила и карамела кои не се премногу нападни. Тие се идеални за честите освежувања во текот на денот.

5. Понекогаш е потребно да побарате универзален мирис, оној кој привлекува внимание на двата пола, кои се носат со одело, машки и женски. Клучни ноти на таквиот парфем се даб и цитруси. Тие се често опишуваат како “ориентален” и многу се долготрајни.

Извор